Македонија
Владата го прогласи Зврлевски неспособен за функцијата
Владата на денешната петта седница донесе повеќе важни одлуки и направи неколку кадровски смени.
„Нов директор на Бирото за јавна безбедност е Лазе Велковски. Од оваа позиција е разрешен досегашниот директор Митко Чавков. Нов директор на Управа за безбедност и контраразузнавање е Горан Николовски. Од директорската позиција е разрешен Владимир Атанасовски.На владината седница е констатирано дека новоименуваните директори, Велковски и Николовски, се квалитетни експертски решенија со долгогодишно работно искуство во областа, кои не биле и не се членови на политички партии. Изразено е уверување дека Велковски и Николовски успешно ќе одговорат на одговорностите во двата важни органа за безбедноста, што функционираат при МВР, на чии челни позиции се поставени, со оглед дека претстојат сериозни реформи во МВР и во тајните служби, согласно забелешките на Извештајот на експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе.За разрешените директори Чавков и Атанасовски е констатирано дека учествувале во недозволиви и незаконски активности против државата“, соопштија од Владата..
Исто така, Владата му предложила формално на Собранието Марко Зврлевски да биде разрешен од функцијата јавен обвинител поради неговото „ незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата“, Притоа е констатирано дека обвинителот Зврлевски не е способен за извршување на функцијата, не поднесувал барања за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и со тоа го нарушил нарушил угледот на функцијата.
Владата исто така решила да овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето. За таа цел, Министерството за труд и социјална политика во рок од пет дена треба да донесе програма за седумдневен одмор.Наедно, била усвоена и информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19 до 30 јуни, а ќе се достабуваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Владата донесе исто така одлука за дополнителни квоти за упис на студенти на државните универзитети од припадници на заедниците кои не се мнозинство во Македонија. На крајот, Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен, а за нови членови ги именуваше Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.Нови директори на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство станаа Сања Лукаревска и Зоран Атанасов.
Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Додека од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.