Политика
Заев: Од 2017-та почнуваме да го создаваме животот што го избравме

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во новогодишното обраќање до македонските граѓани, порача дека 2017-та ќе биде „година на нашиот живот, избравме живот и цврсто одлучивме да си го вратиме животот, успеавме заедно“.
„Ја почнавме 2016-та со надеж дека ќе си го вратиме животот. Дека ќе успееме да ги мотивираме нашите деца да живеат и работат дома. Дека ќе создадеме услови да бидеме еднакви и спокојни. И тргнавме во остварување на таа цел. Се излеавме на улиците, различни, од сите страни, сплотени во желбата за слобода. Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки за Македонија. Бевме солидарни кога беше најпотребно. Покажавме заедно почит кон борците кои го трасираа нашиот пат денес. Избравме црвено – избравме храброст – и живот“, вели Заев во своето обраќање.
„Ние се боревме со нашиот глас за праведна и правична Македонија за сите. Во меѓувреме: младите фудбалери ја пласираа Македонија на Европското првенство во 2017-та во Полска, лицата со Даунов синдром од танцовото студио Денсерс Јунајтед ја искачија Македонија на 6 место на Светското првенство за модерни танци, Дарко, Коста и двајца Филиповци, средношколци од Македонија со својот успешен инженерски проект влегоа во натпревар за меѓународна награда на НАСА. Сите овие вредни искуства од 2016 ги пренесуваме во 2017. Во нив се темелите на нашата верба и нашата надеж – дека можеме. Во овие заеднички и индивидуални искуства е и нашата обврска“, додаде Заев.
„Од 2017-та почнуваме да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. Македонија да биде општество на среќни граѓани. Да ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси. Тоа е нашата задача и тоа ќе го направиме. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Ќе се отвориме за сите. И за оние со кои марширавме по улиците, и за оние со кои одлучувавме за добрата иднина на Македонија, и за Цако, и за младите фудбалери како Енис, и за тие како Филип, Коста, Дарко, Елена… и уште многумина други млади луѓе кои ги бранеа боите на Македонија во светот, додека ние тоа го правевме дома“, рече лидерот на СДСМ во новогодишното обраќање.
„Ние знаеме дека шансите што ќе ги отвориме за секој човек, се прозорец за целото општество. И знаеме дека перспективите на Македонија се во концепотот на заедништво што го избравме. Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен. Продолжуваме заедно. Нека ни е среќна новата 2017-та година“, порача Заев во новогодишното обраќање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ахмети прави спектакл во сала, улиците претворени во паркинг

Засилено полициско присуство на дел од улиците во Чаир, а колони од автомобили се паркирани на улицата Христијан Тодоровски Карпош во оваа општина. Очевидци коментираат дека ДУИ запоседна дел од улиците за свои паркинзи.
Причината е најавуваниот митинг од страна на ДУИ.
Во Чаир пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неговите партиски колеги, Талат Џафери и владините министри.
„Синиот океан Чаир му припаѓа само на Али Ахмети! Те сакам многу“, напиша на социјалните мрежи Артан Груби пред почетокот на настанот.
Македонија
Со СДСМ и Ковачевски земјата стана фактор на стабилност на Балканот, велат од владејачката партија

Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски, Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот, велат од владејачката партија.
„Денеска сме земја членка на НАТО, земја што преговара со ЕУ, земја што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ и држава во која се депонираа договорите потпишани во рамките на Берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.
Сите прашања со соседите ги имаме решено, притоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.
Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.
Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот“, порачаа од СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ѝ дал пари на фирмата на братот Ветон Груби

Криминалот на Артан Груби нема крај. Груби ги полни џебовите на својот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според документите од отворени финансии, може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер ѝ исплаќа средства на ‘ЕТЦ травел’ ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на братот. Вкупната вредност што фирмата на братот на Артан Груби ја добила од државата е над 1 милион денари.
Од 2020 до 2022 година, во точно 8 наврати, владините институции, односно Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, „ЕТЦ травел“ ДООЕЛ Скопје.
„ЕТЦ травел“ ДООЕЛ Скопје е фирма што во периодот од 2016 до 2020 година има минусно салдо. Поточно, фирмата на братот на Груби работела во загуба. Груби ја докажува нераскинливата врска со својот брат, при што и со народни пари сака да го збогати. Артан Груби за ова треба да одговара пред законот, а ЈО да се охрабри и веќе да не молчи“, велат од партијата.