Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите кон судовите и судиите нема да му помогнат на Заев

Објавено пред

Криминогеното раководство на СДСМ нема да може да ги спаси од одговорност сите наркодилери кои му помагаа на криминалецот Зоран Заев изминатиов период, а нема да може ниту самото да ја избегне одговорноста пред законот.

dobivaj vesti na viber

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој рече дека Груевски и раковоството на ВМРО-ДПМНЕ ќе морат да понесат одговорност за криминалното владеење.

„Стравот на Петре Шилегов и криминалецот Зоран Заев дека ќе треба да одлежат долгогодишни казни затвор е оправдан. Залудно ги прифаќаа сите уцени. Залудно молеа да бидат амнестирани за предметот „Пуч“ преку нивната Катица Јанева. Залудно бараа поддршка и молеа за заштита од наркодилери од Арачиново, Тетово и Скопје. Залудно се договараа со мафијата и подземјето да го поддржи СДСМ и криминогеното раководство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, заканите кон судовите и судиите нема да му помогнат на Заев.

„Ќе си одлежи и за барањето поткуп и за Цареви Кули и за незаконското финансирање на изборите и за Пуч“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија ги охрабруваат судиите да не потклекнуваат на притисоците на СДСМ. /крај/со/ст

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Бугарија ја менува приказната за авионот на Урсула фон дер Лајен

Целосна конфузија владееше вчера откако бугарската влада неколку пати го промени својот официјален став за наводното руско блокирање на ГПС...

Свет1 час

Путин: Западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските...

Топ2 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Свет2 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиони Ф-16 прелетаа над американскиот разорувач со водени ракети УСС Џејсон Данам во јужниот дел на Карипското...

Европа3 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не можат да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет3 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет4 часа

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет4 часа

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...

Македонија20 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ21 час

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ21 час

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија22 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет23 часа

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија1 ден

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија1 ден

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...

Свет1 ден

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет1 ден

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа1 ден

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа1 ден

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок бидејќи 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...