Политика
Пораст на сексуалната злоупотреба на малолетници од родителите

Јавноста секојдневно останува вчудовидена од честите и грозоморни случаи на родосквернавење и педофилија, чијшто број се зголемува од ден на ден. Никој не остана рамнодушен по откривањето и обелоденувањето на трагичната судбина на 16 годишното девојче, кое по неколкумесечните сексуални злоупотребувања забремени од сопствениот татко, како и од страшната судбина на мајката која беше злоставувана од својот син, кој во алкохолизирана состојба ја малтретирал и сексуално ја злоупотребувал својата мајка
Научните истражувања досега не откриле како еден човек станува сексуален злосторник врз сопствените деца. Во прашање е патолошка појава, смета невропсихијатарот Антони Новотни.Педофилството и родосквернавењето е појава што се повторува, објаснува д-р Новотни.„Сторителите на такви полови злоупотреби се со извитоперени мисли во главите. Една од основните причини е ненаоѓање интерност со возрасен сексуален партнер“вели д-р Новотни.Јозеф Фрицал ја шокира светската јавност- „Фрицли“ и во Колумбија, Италија… Во текот на судењето на австрискиот монструм Јозеф Фрицал, сите странски и домашни медиуми редовно пишуваа за инцестот на Фрицл и седумте деца што ги ги имаше со неговата ќерка Елизабет. Како и што се очекуваше, австрискиот монструм Јозеф Фрицл е осуден на доживотна казна затвор, која ќе ја издржува во психијатриска установа.Поротата едногласно го прогласила за виновен за инцест, силување, злоставување, држење во заточеништво и за убиство на едно од седумте деца кои ги имал со својата ќерка Елизабет, која 24 години ја држел заклучена во визбата од семејната куќа.Согласно судската одлука, остатокот од својот живот, 73-годишниот Фрицл ќе го помине во институција за ментално здравје, откако неговиот психијатар предупреди дека се чувствувал „роден да силува“.Во Италија, пак, татко верувал дека негово право е да ја злоупотребува својата ќерка и тоа верување го пренел на својот син, кој пак ја силувал својата сестра и сопствните деца. Човекот кој медиумите го нарекоа италијански Фрицл, својата ќерка ја затворил во соба без прозорци и ја силувал 25 години. Полицијата не открила многу од случајот, но соопштила дека девојката 25 години била сексуално малтретирана, и држена во заробеништво од нејзиниот брат и од таткото. Италијанските медиуми објавуваат дека жртвата, кој е наречена како „Лаура“, сега има 34 години и се наоѓа на психијатриски третман. Лаура го открила овој случај на полициските службеници, во кој се верува дека синот е осомничен и за сексуална злоупотреба на четири деца кој ги родила Лаура. Се смета дека со сексуалното злоупотребување е започнато кога имала девет години. Лаура имала многу мало образование и била присилена да живее во замрачена соба без струја, кој можела да ја напушти собата само со одобрение на нејзиниот татко. Исто така полицијата открила дека нејзиниот брат, сексуално ги злоупотребувал децата на возраст од шест, осум, 12 и 20 години, кои ги принудувал да гледаат како ја злоупотребува својата сестра.Ваков случај на повеќегодишно родосквернавење беше отркиен и во Колумбија. Пронајден македонскиот ФрицлВо Невропсихијатриската болница во Демир Хисар се наоѓа 48-годишниот Бајрам. В, кој според полицијата, ја силувал и забременил сопствената 16-годишна ќерка со нарушено ментално здравје.Полицијата вчера таму го пронашла македонскиот Фрицл кој бил на лекување од 26 јануари годинава. Според лекарите, Бајрам четири пати бил хоспитализиран во болницата. Прв пат во 2006 година, два пати во 2007. и четвртиот, последен пат, во февруари лани.„Од тогаш, пак, цело време е во болницава, со тоа што добива повремени терапевтски викенди и во повеќе наврати беше пуштен во домашна средина, затоа што се однесува во границите на дозволеното однесување“, вели Лазе Кузмановски, директор на болницата во Демир Хисар.Таткото силувач во болницата не зборувал за овој случај.„Се работи за емоционално незрела личност, со пореметувања во личноста и со симптоматски алкохолизам, кој што нормално и натаму треба да се третира“, додава Кузмановски.Како се справуваме со родосквернавењето Новинската агенција Аssociated Press во контекст на ваквите случаи донесе поширок напис за тоа како земјите на Европската Унија ги третираат инцестните односи и наидоа на изненадувачко откритие дека инцестините сексуални односи кои биле од обострана желба меѓу полнолетни лица во Франција, Шпанија и Португалија не подлегнуваат на казнен процес.Сите други инцестни сексуални односи, како што е со сопственото малолетно дете со закон се забранети и подлегнууваат на казнен процес.Во Република Македонија за силување и инцест со измената на кривичниот законик судот одлучува од минимум десет години затвор и максимална казна доживотен затвор.Со цел спечување на родосквернавењето МВР во соработка со Француската амбасада работи на проект на едукација на инспектори за малолетничка деликвенција, исклучиво што ќе работат на расчистување на случаи на сексуални деликти и на Правилник за водење разговор со дете кое било жртва на сексуален деликт.Психолозите објаснуваат дека и родосквернавењето постои одамна, но овие потресни приказни останувале затворени во кругот на семејството. Денес се поотворено и полесно се обелоденува овој проблем, од што во јавноста се добива впечаток дека ситуацијата е веќе загрижувачка. – Состојбата одамна е алармантна, но сега сме посвесни за овој феномен бидејќи и децата што се жртви, но и нивните најблиски, се почесто се охрабруваат да зборуваат за проблемот, кој веќе не е табу-тема. Тоа е сигнал дека се прави чекор напред кон решавањето на овој проблем – сметаат психолози.Според Секторот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи и Заводот за статистика во последниве три месеци во државава регистрирани се четири дела „родосквернавење“ или инцест. Два случаи се регистрирани во Скопје, едно во Струмица и едно во Велес.„Оваа појава годинава доби загрижувачки размери, бидејќи само за три месеци регистрирани се четири дела, додека изминативе години вообичаено беа регистрирани по три или помалку дела во текот на цела година“, вели Лилјана Јаковчевска, виш полициски советник за малолетничка деликвенција во МВР.Сепак бројот на пријавените случаи се разликува од вистинскиот број на секслуално малтертирани деца. Повеќето од тоа што се случува останува прикриено или целосно сокриено.„Анализирајќи ги делата можеме да заклучиме дека според начинот на извршување сторителите најчесто половите злоупотреби ги вршеле со употреба на физичка сила и искористувње на физичката немоќ на децата или нивната подредена позиција“, вели Јаковчевска.Децата останвуаат сами и незаштитениПрвата детска амбасада во светот „Меѓаши“ реагира на како што посочуваат се позачестените случаи на родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија и несоодветниот третман на децата жртви на инцест и педофилија.„Децата жртви на родосквернавење, по обелоденувањето остануваат сами на себе, во уште покомплицирана семејна ситуација. Обично остануваат со другиот родител кој понекогаш не сака да се соочи со вистината и да го признае насилството, па поради најразличните проблеми, манифестира насилно однесување сакајќи да го казни сметајќи го како причина за новонастаната ситуација во семејството. Кај детето жртва се мултиплицира почетниот проблем соочувајќи се со низа нови сериозни проблеми меѓу кои сослушувањата лице во лице со злоставувачот, кои ја прават траумата уште подлабока. Наместо да биде охрабрено за тоа што не молчи, детето станува осудено за својата искреност отфрлено е од семејството и стигматизирано од средината во која живее. Неможејќи да се справи со целата ситуација, траумата ја закопува длабоко во себе, загрижено е за иднината на целото семејство, дури и за родителот силувач дали тој ќе оди во затвор или не. На крајот детето ја повлекува изјавата!,“, велат од Меѓаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Неспособните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните

„Додека ВМРО-ДПМНЕ од Белата плата глуми загриженост за економскиот стандард на народот, нивни функционери тераат луксузни одмори, а нивните градоначалници дополнително им го загорчуваат животот на граѓаните“ обвинуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму порачуваат „освен што 10 месеци не работат ништо, неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ ги трошат парите на граѓаните на лускуз, ги партизираат општините и јавните претпријатија, кои тонат во долгови“.
„Со прст не мрднаа да им помогнат на граѓаните, напротив дополнително удрија по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги.
Само во општина Штип за 100 проценти е зголемена цената на ѓубретарината. Покачени се давачките и во општина Виница, општина Радовиш, Прилеп.
Додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“ се вели во партиското соопштение на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски

„Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението од партијата се вели и дека „министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните“.
„Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој во тоа време ја предводеше ОНА.
Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“.
„Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците“ – се додава во документот.
Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација.
Договорот содржи и три Анекси: А. Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.
Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто подоцна прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.