Политика
Груевски: Bо недела народот ќе се спротивстави на црното сценарио

Илјадници луѓе ги слушнаа нашите пораки, како татнеж се слушаше нашиот повик до сите вас да ја зачуваме Македонија, и мора да успееме. Уште само еден ден до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и одбраната на унитарноста на Република Македонија, истакна на во петокот вечерта на завршениот митинг во Прилеп Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, носител на кандидатската листа во Изборната единица 4.
„Сите изминати денови во оваа кампања беа максимално исполнети, некогаш само погледот на луѓето со кои се среќавав и соочував беше доволен да ја видам и разберам нивната порака и нивната загриженост – луѓето сакаат подобар живот, повисок стандард, работа, нови работни места и конкретна програма на која може да и веруваат. Народот очекува политичарите на кои ќе им биде дадена довербата да ги штитат државните интереси и да не дозволат мрачни сценарија да ја разорат државата, нашата држава Македонија. Ние ќе работиме на тоа, вие го знаете тоа, ние ќе стоиме рамо до рамо со вас и секогаш ќе се потпираме на вашата поддршка, затоа што таа не одржа во целиот овој хаотичен и кризен период кога се спроведуваа делови од црното сценарио против Македонија и таа ќе се спротистави во недела на финалето на тоа сценарио“, рече Груевски.
Се осврна и на дел од работите, за кои како што рече, ја одбележале изборната кампања.
„Се дозна и докажа дека опозициската СДСМ ја украле нивната политичка платформа – програма и кампања и слоган од српската партија Двери. Дури ги видовме и луѓето од српската партија Двери како запрепастени даваат изјави дека тоа е нивната кампања и програма. Ова е скандал сам посебе и само поради ова заслужуваат да изгубат на изборите, затоа што тоа е врв на потценување на сопствениот народ, украдена програма со додадени неколку небулозни ветувања за минимална плата додека тој и Радмила земаат по десетина илјади евра месечно, проекти кои никој никогаш не може да ги оствари, тоа е класично потценување на сопствениот народ. И таквото потценување нив ги следи уште од почетокот на оваа криза затоа што се што направија беше базирано на такви претпоставки дека народот може да го излажат и да им поверува. Овој народ премногу минал и видел сé и сешто и е мудар и никој не смее да го потцени. Обидот на мала врата да најави воведување на двојазичност на целата територија и кантонизација на државата, со негови јасни и децидни изјави, значи не се тоа мои изјави од мојата глава, туку го слушаме него со свои зборови и онака горд демек кажал нешто многу визионерски, сам си кажува и најавува двојазичност од градинките и училиштата, па двојазичност во Прилеп, го слушате како тој сам си кажува, па како отворено без усул дури му кажува на тој водителот на албанскиот канал ТВ21 дека бил прагматичен ако требало и Уставот ќе го смени, па потоа сам во Швајцарија пред албанската дијаспора, која е позната по своите екстремни ставови им кажува гордо дека тој е тој што ја отворил употребата на јазиците и дека рамковниот не е доволен, замислете не бил доволен рамковниот договор, и тие потоа со нескриени симпатии го прогласија за нивни Месија, потоа се сеќавате на неговата изјава дека е грдо лицето на Македонецот ако не прифател двојазичност и вакви негови визионерски ставови, тоа го кажа тој, не јас…само заради ова без друго, Заев заслужува огромен пораз на овие избори… но ова не беше доволно очигледно за него во обидот за спроведување до крај на сценариото кое му го напишале, тој отиде и неколку чекори понатаму, рече Груевски.
Додаде дека челникот на СДСМ и опозициската коалиција Зоран Заев во Швајцарија пред албанската дијаспора кажал дека „не е проблемот во другите, проблемот е во Македонија“, говорејќи за меѓу соседските проблеми на Македонија
„Значи Македонија е виновна што не сака да си го смени името на државата и името на јазикот македонски и нацијата македонска, Македонија е виновна што не сака да си го смени статусот на црквата, Македонија е виновна што не сака да биде експеримент во секоја смисла. Ете тоа го кажа лично Зоран Заев“, рече Груевски.
Продолжи дека тоа не му „било доволно“, па лидерот на опозицијата па во изборната програма тоа експлицитно го ставил на страниците 164 и 188, за повеќејазичност од најрана возраст и политипни општини по примерот на швајцарските кантони со пренесени надлежности со сопствена полиција и сите можни институции да се локални тоа го има во нивната програма, рее Груевски и заклучи дека очигледно „тоа е единствениот дел кој не го украле и е автентичен социјалдемократски“.
„Само ова е доволно да се гласа против нив. Да не говорам и за оние 1001 причина каде се гледа нивното однесување на дело со барање мито, со ’виткање кичми’ како добар пример, со бркање од работа од чистачка до министер, со обиди за поткуп на гласачи со дрва и други нерегуларности, за издавање под кирија на сопствен стан сам на себе и обид за перење пари како што правела Радмила, но одиме понатаму. Ние не сакаме да даваме причини само зошто да гласате против нив, такви причини има навистина многу. Ние сакаме да ви дадеме добра причина и добар аргумент зошто да гласате за нас и зошто вашиот глас за нас ќе значи напредок и подобрување на она што ви е најважно на вас и вашето секојдневие, работа, нови работни места, инвестиции во многу области, субвенции, развој, одење напред“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023