Контакт

Политика

Груевски го повика Спасовски да ја истражи аферата „фалсификувани лични карти“

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски во неделата го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да почне истрага за аферата со 30.000 фалсификувани лични карти што ја објави неделникот Фокус.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите денови ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го повика Спасовски да се произнесе за овој случај.

„Неколку пати слушнав за таа приказна, а од неодамна повторно ја реактуелизираа приказната за наводни 30.000 фалсификувани лични карти. Сега имаме министер за внатрешни работи кој е генерален секретар на СДСМ. Јавно го повикувам министерот за внатрешни работи да го проучи сето тоа, да го истражи и да излезе со резултатите од истрагата, рече Груевски

Тој истакна дека иако од неговата политичка партија го повикале Спасовски пред една недела, сѐ уште  нема резултат од истрагата.

„Еве, го повикувам во наредната една недела, две недели, да направи темелна истрага и да излезе со резултатите да видиме кој фалсификувал, дали фалсификувал, колку фалсификувал итн. Доколку навистина има такво нешто, да си сноси одговорност тој што тоа го правел. Доколку нема, СДСМ да и се извини на јавноста за тоа што ги лажела во сите изминати месеци и години дека имало наводни фалсификувани лични карти. Ќе ја следиме работата на министерот. Јас во својство на премиер го повикувам веднаш да пристапи конистрага и се што ќе открие да даде на суд и даде на јавноста“, рече Груевски. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија6 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија6 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија6 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија8 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија8 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија9 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија11 часа

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија12 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет12 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет13 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет13 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет14 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ1 ден

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија1 ден

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија1 ден

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ1 ден

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија1 ден

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...