Македонија
Груевски: Секој Албанец кој својата иднина ја планира во овaa Македонија, нé има за сојузник и мене и ВМРО-ДПМНЕ

Јас сум Македонец, сакам да им порачам на сите Албанци, секој Албанец кој својата иднина ја планира во оваа држава со овие граници, во унитарна Македонија, ме има за сојузник и мене и ВМРО-ДПМНЕ и оваа коалиција со нас, рече на митингот во скопската општина Карпош во четвртокот вечерта лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Ние се грижиме за сите подеднакво, градиме водоводи и во македонските средини, градиме водоводи и во албанските средини, градиме канализациони системи и во македонските и во албанските, градиме во турските, градиме во ромските средини. Градиме патишта насекаде. Нека не ги залажува (лидерот на опоизицската СДСМ, Зоран) Заев луѓето, самиот не е свесен што споредува и во каква каша ќе ја донесе Македонија. Сакаме оваа земја да остане цела, заеднички да останеме, заеднички да живееме и заеднички да станеме членки на НАТО и ЕУ, тоа е нашата цел, да ја зајакнеме економијата, да ја намалиме неврабоптеноста, да одиме напред заеднички сите, а не да бидеме полтрони на нечии сценарија“, порача Никола Груевски.
Претходно нисителот на кандидатската листа на коалицијата За подобра Македонија во Изборната единица 4 порача дека оној што си ја почитува својата нација и вера, умее да ги почитува и другите.
„ Тој што не си почитува својата вера и нација, не ја почитува другата. Заев не си ја почитува својата нација, со својата нација игра мајтап, тој се однесува неодговорно. Ако ја лаже својата нација, ќе ги лаже и другите. Човек што лаже, секогаш лаже, човек што не почитува, секогаш не почитува“, рече Груевски
Според него останале уште две седмици до уште една големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, до ставањето крај на она што изминатите две ипол години челниците на опозициската СДСМ ѝ го прават на Македонија
„Исклучително е важно кризата да заврши. Кризата ќе заврши само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тоа е главната гаранција за завршување на кризата и сигурност дека Зоран Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија со нивните игри, манипулации. Дека нема некој од горе како што пишува Заев порака, дека некој од горе ќе го донел. Ако некогаш биле потребни 63 пратеници за иднината на Македонија, тоа е сега“, порача Груевски.
Потсети на поранешна изјава на Заев околу „виткањето на кичмата“ во однос на спортот околу уставното име на земјата.
„Слушавме како ќе ги отпуштел кога ќе дошол за премиер сите, од чистачка до директор. Па што му згрешиле тие, тој гнев што го носи во себе нему ги носи поразите, нему му носи штета“, рече Груевски.
Деновиве, продолжи Груевски, Заев има нова теза, дека сме биле националисти и дека сме измислувале работи. „Ние не го теравме да зборува во Швајцарија, да пишува памфлети. Сега ВМРО му е виновно, сите му се виновни. Видовме што е планот уште кога кажа дека кичмата треба да се свитка, тоа се планови со кои сакаа да ни го урнат соживотот“,рече.
„Имаме соживот низ Македонија, низ секоја мултиетничка средина. Во секоја мултичетничка држава се јавуваат недоразбрана, но тие се решаваат. На овој простор сите сме живееле секогаш заедно, Македонци, Албанци, Турци, Роми…немало проблеми, некој од надвор сакада ни го растури соживотот. Затоа ја измислија тезата дека ние сме националисти. Не знам како сме националисти кога десет години сме во коалиција со албанска партија. Ние ги почитуваме и затоа земавме албанска партија да биде во власта за да ги исполнуваме потребите и на Албанците. И кога имавме мнозинство во парламентот пак земавме албанска партија. Тогаш ли бевме националисти? Националисти бевме кога ги зголемувавме субвенциите и не делевме никој. Сите добиваа исто. Од нашите реформи од наши дела, проекти секој добива, не ги делиме луѓето по ништо, ниту по нација ниту по вера“, истакна Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба на министерката Петровска со српскиот министер за одбрана, Вучевиќ

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска го пречека на работна средба потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ, кој е во работна посета на Република Северна Македонија.
За време на средбата беше разговарано за унапредување на соработката во доменот на одбраната, како и за учеството на земјите во регионалните иницијативи како платформи за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност.
Министерката Петровска истакна дека одржувањето на стабилноста во регионот е од приоритетно значење, кое се постигнува со отворен дијалог и добрососедски односи, а дека активното учество во регионалните иницијативи за соработка придонесуваат за градење на меѓусебна доверба и разбирање.
Петровска додаде дека целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија суштински ќе придонесе за зајакнување на стабилноста и ќе ја зголеми соработката во регионот.
Македонија
Царината заплени половина тон тутун за наргиле и над 2 илјади електронски цигари

Во заедничка акција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со Одделот за крим-полиција – Сектор за економски криминал и корупција на МВР и инспектори од Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција, запленети се речиси половина тон тутун за наргиле, електронски цигари и течност за електронски цигари.
Имено, вчера, на 26.1.2023 година, на неколку локации во Скопје во рамките на координираната акција беше извршена контрола во која беа откриени и запленети необележани акцизни производи, без акцизни маркички, од кои 454 кг тутун за наргиле, 2.290 електронски цигари, со содржина од 15.130 милилитри течност за електронски цигари.
Со оваа заплена е спречен обид на пуштање во слободен промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од вкупно 2,5 милиона денари.
Запленетата стока во согласност со законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против инволвираните правни и физички лица поднесени се соодветни пријави до надлежните институции.
Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.