Политика
Груевски: Заев си игра со чувствата на граѓаните

Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев е единствениот политичар во Европа кој си дозволи да лаже и да си игра со чувствата на посиромашните, невработените и оние во мака, порача од Пробиштип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборите единица 4 Никола Груевским и повторно побара убедливо мнозинство во идниот состав на парламентот коешто, како што посочи, конечно ќе стави крај на повеќе од двегодишната политичка криза во земјата.
„Заев е единствениот во Европа која си дозволи да лаже дека ќе ги зголеми платите во приватниот сектор. Во 2006 година кога ни дојдовме на власт просечната плата беше 11.500 денари. Ниту ветивме колку ќе се зголеми просечната плата, ниту дека ќе се мешаме во приватниот сектор. Ние се концентрираме на подобрување на бизнис климата, намалување на даноците, како и провлекување на домашни и странски инвеститори. Сега просечната плата е 23.000 денари и тоа се зголеми во време кога поминувавме низ светска, европска и домашна политичка криза. Така и ќе продолжиме. Ќе ја зголемиме просечната плата но со отворање на нови работни места, а не со лаги и со потценување на сопствениот народ како што прави Заев“, рече Груевски.
Според него опозициската СДСМ е партија која со мамење на сопствениот народ сака да дојде на власт. Со мамење и со соработка со криминално разузнавачки структури, вели и додава дека Заев е спремен на се и сешто само за да дојде на власт.
„Гледам дека ги зголемуваат лагите. Ветуваат сé и сешто. Една од најголемите лаги е дека ќе давале 500 евра поврат од 15отсто од она што годишно го троши народот. За да даде 500 ерва секој човек, секоја година треба да троши од 2000 до 2.500 евра месечно цела година. Кој во Македонија троши секој месец по толку пари? Затоа гледаме дека си поигруваат со народот, со маката на граѓаните и сакаат со лаги и манипулации да добијат власт. Затоа народот дополнитлено ќе ги казни на 11-ти декември“, порача Груевски.
Исткакна дека лидерот на опозицијата лаже и за носење инвестиции и дека нема капацитет да донесе во Македонија, исто како што 11,5 години не донесе во Струмица.
„СДСМ губи по сите анкети, па анкетата на Рејтинг најпрвин ја објавија па ја тргнаа. Пендаровски пак, вчера почна да раскажува дека воделе на сите анкети, а Радмила на друго место вели дека сите анкети се неточни. Јас се согласувам со Радмила, дека тие анкети што покажуваат декa СДСМ води се неточни“, Груевски.
„Видоа дека ќе изгубат, па сега велат дека разликата ќе биде мала и дека ќе прават голема коалиција. Голема коалиција е само пролонгирање на кризата, а исто така и продолжувањето со работа на СЈО, надвор од законските 18 месеци. Сето тоа е продолжување ена кризата со цел да се остварат туѓи интереси. Бараат начина како кога ќе изгубат да ја пролонгираат кризата. Има само еден начин да се излезе од оваа криза, а тоа е поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за 63 пратеници. Не е прашање дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, туку да победи со доволен број на пратеници за да се излезе од кризата“, рече Груевски.
Од страв дека цел народ знае што правел во Струмица, продолжува тој, Заев за нас вели дека сме криминалци, а тој е жив криминалец. Нема поголем криминалец од Заев во цела Европа.
„Знаме дека кога беше градоначалник се направи Глобал и криминал од 8 милиони евра. Започна постапка, а Црвенковски кој тогаш беше претседател го аболицираше. Заев велеше дека не сакал да биде аболициран, туку дека Црвенковски инсистирал. Поминаа години, се донесе закон со кој може да се побара да биде тргната аболицијата, но Заев не побара, бидејќи во меѓувреме, формалниот сопственик на Глобал искористувајќи го законот за легализација кој ние го донесовме,побарал да се легализира објектот. Заев мирно тивко ја потпиша легализацијата и сега пак молчи. Е таков човек не ѝ треба ни на Струмица ни на Македонија“, рече Груевски.
Тоа што многумина не можеле со војни, Заев сака да го даде само за да дојде на власт, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ го лаже народот, а такви кои им веруваат има се помалку, сега гледам се повеќе ја актуелизираат темата за двојазичност на целата територија, секој мора да ги знае двата јазика, проширување на рамковниот договор, кантонизацијата на нашата држава, дали тоа ни треба нас? Дали нашите борци гинеаа за тоа? Тоа што многумина не можеле со војни, Заев сака да го даде само за да дојде на власт. Затоа треба да се внимава,за кого ќе го дадете својот глас. Пред неколку дена ДУИ и ДПА излегоа со нивно барање за предлагање на свој кандидат за премиер доколку не се постигне бројката од 63 пратеника“, изјави Груевски.
„Планираме во идните четири години да отвориме 70.000 нови работни места, само преку мерката за самовработување се вработени над 12.000 лица, а сигурно бројката ќе беше поголема да не постоеше кризата, извозот порасна за 4 милијарди, само да ве потсетам дека извозот во 2005 изнесувал само една милијарда на нашата држава. Извозот и увозот во времето на СДСМ се помали само од извозот во моментов, дадовме под закуп над 60.000 хектари земјиште, овозможивме над 2.000 трактори и механизација преку принципот 50/50, се изградија над 74 нови училишта, преведовме и испечативме над 1000 книги и учебници на кои се учи на десетте реномирани факултети во свето, изградивме и многу тениски како и фудбалски игралишта. Се зголемија пензиите, социјалната помош, го намаливме ДДВ, а додека беше СДСМ на власт имавме само покачување на лековите, додека во време на ВМРО-ДПМНЕ имаме намалување на цената на лековите, истакна Груевски.
Тој исто така потенцираше во иднина се предвидуваат платите, пензиите како и социјалната помош да растат. Ќе се намали цената за студирање на факултетите, а ќе се обезбедат и стипендии застудентите
-Овде во Пробиштип преку мерките за вработување се отворени над 2000 ново отворени работни места, невработеноста е намалена над 50 проценти и ја реконструиравме браната злетовица. Ги реконструиравме и патиштата кои го поврзуваат градот со останатите населени места. Изградивме и водоводна мрежа, фекална канализација, се модернизираше скијачкиот центар Пониква, како и го реконструиравме градскиот парк во Пробиштип. Само во последните 5 години овде во Пробиштип дојдоа само 5 милиони евра за земјоделците, го воведовме докторот специјалист за да им помогне на граѓаните, отворивме народна кујна, како и во иднина се очекува да почне да почне со работа новата фабрика тука во Пробиштип, потенцираше Груевски.
Груевски во Пробиштип вети и градење на нови социјални станови за најранливите семејста, а вети и дека градот ќе добие гасовод во наредниот период./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба Османи – Џејн

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џејн.
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, пред сè, актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Република Северна Македонија со ОБСЕ, зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба на европскиот континент, претседавањето на Шведска со ИХРА и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и најновиот развој на состојбите во регионот на ЈИЕ.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и се заблагодари за шведската продуктивна соработка и поддршка во рамките на ОБСЕ-тројката.
Министерот Османи се заблагодари за шведската континуирана поддршка за интеграција на Северна Македонија и на Западен Балкан во целина во EУ.
Потсетувајќи дека при последното претседавање на Шведска со Советот (во втората половина на 2009 година), нашата земја ги доби визната либерализација и првата препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори, изрази уверување дека со својата прагматична и политика ориентирана кон резултати сегашното претседавање на Шведска исто така ќе остави позитивен белег во европската траекторија на нашата земја.
Македонија
(Видео) Николова: Новите инвестиции и работни места доказ за успешните политики на СДСМ

„Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места“, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Таа напомена „2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР-зоните, каде што добиваат плати, кои, генерално, се повисоки од државниот просек. Речиси 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава. Извозот од ТИР-зоните во 2022 година достигна 3,7 милијарди евра, што, меѓу другото, се должи и на новоотворените работни места“.
„Според првичните анализи, на секој 1 денар вложен од државата компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции што носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните. Со одговорен пристап овој тренд треба да продолжи и во оваа 2023 година за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата ‘Магна мехатроникс’, која почна со подготовки за изградба на нова фабрика. Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодот, позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата, која првпат во историјата изнесува над 33.000 денари“, рече Николова.
Македонија
Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.
Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на „Твитер“ ги повика институциите да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии.
„Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави што водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“, пишува Таравари.
Concerned about rising political tensions between 🇲🇰-🇧🇬. I call on our institutions to refrain from statements that lead to further tensions and to engage in a constructive way that contributes to the implementation of the agreement on good-neighbourliness and 🇪🇺 integration. pic.twitter.com/wqwdtJvuCe
— Arben Taravari (@TaravariArben) January 27, 2023