Политика
Шекеринска: Изборот е едноставен, да тонеме или да промениме

Имате едноставен избор, дали да продолжи Битола и Македонија да тоне или да промениме нешто, ставете крај на ова зло, ставете крај на овој криминал, им порача на Битолчани во саботата вечерта Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и опозициската коалиција за Изборната единица 5, од предизборниот собир во Битола повикувајќи ги оние кои минатите избори гласале за владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат.
„Црвена е љубовта која сите ја чувствуваме кон нашава Македонија, црвена е нашата сила за промени во Македонија и црвената ќе го врати животот во Македонија“, појасни Шекеринска за променатата традициоанлна сина боја на СДСМ за кампањата за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
“Противкандидатите протрчаа преку Битола и не кажаа каде се новите инвестиции, топлификацијата за 55.000 домаќинства, ни филмскиот ни студентскиот град. Единствено нешто што го направија е да го направат иселувањето и најскапиот ученички превоз. Бегаат од вистината како што се трудат да избегаат од одговорноста за сето зло што и го сторија на Македонија. Груевски призна дека стравот му биле истрагите на Специјалното јавно обвинителство, призна дека ако тој се прашува тоа обвинителство утре треба да престане да работи. Бараат власт за да избегаат од затворските казни кои им висат над глава на секој од нив. Затоа гласот за Груевски и за Милошоски е глас за крај на правната држава во Македонија. Глас за Груевски и за Милошоски е глас за амнестија за најкорумпираниот градоначалник што Битола било кога го видела“, рече Шекеринска.
Истакне дека СДСМ се обврзува за подобро образование, за социјални служби кои нема да бидат затворен шалтер, за лекари кои ќе лечат, влада во служба на домашните компании, медиуми кои ќе и служат на вистината и судови кои ќе ја бранат правдата.
„Три града, Битола, Скопје, Тетово се во врвот на најзагадени градови во цела Европа. Секој ден по четворица наши сограѓани го губат животот поради загадувањето и владата вели дека за сето тоа нема пари, а има за мерцедеси. Е тоа сакаме да го исправиме. Знам дека многумина во Македонија изгубиле верба во зборовите, ама за нас зборовите се обврска. Тие ни носат валкан или чист образ“, додаде сопредседатеката на СДСМ.
„ Одлучувачка ќе биде ‘петката’. А одлуката ќе ја донесе Битола. Затоа сакам денеска да испратиме порака и за оние кои на минатите избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Маките се исти, и нив ги болат 600.000 заминати синови и ќерки, и нив ги болат затворените дуќани и загадениот воздух. Знаеме дека и тие знаат дека работата не чини, знаат дека криминалот ја изеде и Битола и Македонија. Знаат дека волкот не го менува карактерот, ама богами ни криминалците не го менуваат занаетот. Без разлика на кого сте му верувале немојте да продолжите да ги купувате истите лаги, немојте да ве лажат со одмазда, не дозволувајте Груевски, Милошоски и Талески да ве тераат да гласате за нив за тие да продолжат да крадат. Битола ќе му стави крај на криминалот. Немајте страв! Нивната сила замина. Груевски падна, режимот падна. На 11-ти ќе изгубат а ние ќе ја креваме Македонија од коленици“, заклучи Шекеринса./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Пензионерката која го искара премиерот во маркет е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Пензионерката која го искара премиерот Димитар Ковачевски за високите замрзнати цени е Ацка Станишева, активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа денес го застана премиерот додека пред камери пазаруваше и ги проверуваше цените и го праша кој може да преживее со 12.000 денари со цени како денешните.
Дека станува збор за активистика на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат низата фотографии објавени на профилите на опозициската партија, а кои се однесуваат на Општина Карпош. Учествувала на партиски состаноци, како и на протести. Пензионерката, фотографија има и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Таа доби јавна поддршка. „Макфакс“ се обиде да исконтактира со неа, но таа не одговори на нашите пораки.
Од јавно објавените фотографии, може да се види дека Станишева била вклучена во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2021 година. На тоа укажуваат објавите на Оливер Зафировски, кој се тркаше да стане градоначалник на Карпош како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа одела од врата на врата и делела промотивен материјал со слоганот „Создади нова иднина“ и „За модерно Скопје“.

Фотографии со ликот на пензионерката објавени на фејсбук страницата на кандидатот Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ

Фотографии со ликот на пензионерката објавени на фејсбук страницата на кандидатот Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ
На социјалните мрежи, осамна и фотографија од Станишева и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а фотографирани пред ЕУ инфо центарот.
Доколку името на пензионерката се впише на „Фејсбук“ и таму излегуваат фотографии со нејзиниот лик, а зад неа, знамиња од ВМРО-ДПМНЕ. На профилот има и споделени фотографии од митинзи на опозициската партија.
„Макфакс“ побара став од Станишева, дали на ист начин и со исти прашања кои ги имаше за Ковачевски, би пристапила ако на негово место беше Христијан Мицкоски или Никола Груевски. Дополнително прашавме, Дали навистина ја мачела проблематиката за која зборуваше или поради политички причини застанала да дебатира со Ковачевски. До моментот на објавување не добивме одговор.
Македонија
Маричиќ: Не е разговарано, а не е ни време за друга интервенција во Уставот

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека нема никаков договор за друга интервенција во Уставот, освен за впишување на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите етнички заедници што го бараат тоа. Според него, сега не е време за други интервенции, кои би одзеле повеќе време.
„Да се фокусираме на оние обврски што произлегуваат од преговарачката рамка. Така мислам дека имаме најголеми шанси за успех во разумен рок оваа година да ги завршиме уставните измени. Секое друго прашање е вредно за разгледување, но не верувам дека е сега вистинското време за тоа зашто ќе земе и повеќе време и повеќе енергија и ќе го комплицира процесот. Можеме понатаму да ги елаборираме тие прашања и да видиме дали имаме двотретинско расположение за дополнителни промени на Уставот“, рече Маричиќ.
Тој нагласи дека процесот на уставни измени ќе почне пред летото и очекува да биде успешен, а изборите ќе бидат во редовен термин в година.
Претходно денес, и министерот Османи рече дека процесот на уставни измени треба да се фокусира на ЕУ и да не се оптоварува со други политички прашања.
На реакциите претходи вчерашната изјава на министерот за правда, Кренар Лога, кој рече дека покрај уставните измени во делот на внесувањето на Бугарите во Уставот, ова е повод да се направат и други измени, меѓу кои и формулацијата „јазик што го зборуваат 20 отсто од населението“ да се замени со формулацијата „албански јазик“.
Македонија
Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и е опседната, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Пратеникот Драган Ковачки, денеска, на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист психијатар, според кој министерката за одбрана, Славјанка Петровска, секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.
„На министерката за одбрана, во согласност со извештајот од специјалист психијатар, цитирам: Ѝ се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалени внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намалена волја, непријатни мисли и мора да вложува дополнителни напори да ги извршува истите работи што претходно ги извршувала. Почитуваната министерка, според извештајот, чувствува бесцелност на својата активност и залагања и цели три месеци има повторувачки слики, опседната е, постојано е напната, често има немир и нарушен сон. Министерката сама доброволно се јавила за преглед и доброволно ги вршела психијатриските прегледи, се констатира дека има оптоварен мисловен процес. На министерката ѝ е препишана и седативна терапија, односно 3 месеци е под седативи“, рече тој на собраниската говорница.
Според Ковачки, не може да му се издаде безбедносен сертификат на лице што страда од ментална или емоционална состојба, која може да предизвика значителни недостатоци на неговото расудување или доверливост и може да го направи лицето потенцијален безбедносен ризи .
„Министерката не искористила ниту еден ден боледување, одела на работа и не чувствувала потреба да поднесе оставка и покрај констатираниот наод, а премиерот може и да не знаел дека во Владата има таков министер.
Тој го праша Ковачевски дали смета дека поради сето ова, Петровска треба да биде разрешена.
Министерката за одбрана најави низа тужби за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, и порача дека е здрава и стабилна да одговори на сите прашања, исто како што е здрава и стабилна да одговори на сите лаги што пратеникот упорно ги изнесува.