Политика
Измени на Законот за поефикасен рамномерен регионален развој
Со предложените решенија во измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, ќе се обезбеди поголеми ефикасност во функционирањето на носителите на политиката на рамномерниот регионален развој и самоодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој закон, кој во понеделникот е на дневен ред во Собранието.
Со предложените решенија во измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, ќе се обезбеди поголеми ефикасност во функционирањето на носителите на политиката на рамномерниот регионален развој и самоодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој закон, кој во понеделникот е на дневен ред во Собранието.
Измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој, предвидуваат промени во постојниот систем на финансирање на Центрите за развој на планските региони.„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и едногласно ќе ги поддржи измените на Законот за рамномерен регионален развој со што Владата на Република Македонија преку Министерството за Локална самоуправа ќе им помогне на планските региони за нивно опстојување и побрз и подобар развој“, соопштија од пратеничката група. Преку измените на Законот за рамномерен регионален развој се предвидува склучување на договор за соработка со кој ќе бидат утврдени конкретните активности и задачи на Центрите за развој на планските региони и начинот на финансирање на активностите. Исто така се предвидува можност Центрите да склучуваат договори со други субјекти заради реализација на активности со претходно обезбедено позитивно мислење од Министерството за локална самоуправа. Измените и дополнувањата на овој закон предвидуваат обврска Центарите за развој на планските региони да поднесуваат годишен извештај за своето работење до Советот за развој на планскиот регион и до Советите на единиците на локалната самоуправа. Дополнително се дава можност за поврзување на средствата од Буџетот на Република Македонија наменети за поттикнување на рамномерниот регионален развој со средства од донации и спонзорства. Со предложените решенија ќе се обезбеди поголеми ефикасност во функционирањето на носителите на политиката на рамномерниот регионален развој и самоодржливост во финансирањето на работата на Центрите за развој на планските региони. „Како претставници на граѓаните во законодавниот дом, сметаме дека овој закон е од голем интерес и значење за развој на општините како и од голема помош за Центрите за развој на планските региони, така и за локалните власти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со донесувањето на овој закон во 2007 година се допринесе за побрз и поефикасен развој на многу општини во Република Македонија преку реализација на многу проекти како за урбаните така и за руралните средини кои беа на барање и во корист на граѓаните на Република Македонија, додека пак со последните измени и дополнувања на овој закон уште повеќе се очекува подобрување и зајакнување на работата на овие Центри за развој на планските региони./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.