Контакт

Политика

Јакимовски: Заев наместо излез од кризата, долева масло на огнот

Објавено пред

Зоран Заев веќе неколку месеци ја држат Македонија во политичка агонија, рече во саботата на прес-конференција челникот на вонпарламентарната партија Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, обвинувајќи го челникот на опозицискиот СДСМ дека е подготвен да постави „квислиншка, марионетска власт“.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да се направи исчекор земјата да излезе од криза, Заев во континуитет, на насилен и дволичен начин долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта. Се разбира, на крајно компромитирачки, деструктивен и нелегитимен начин, газејќи ги сите демократски, политички и правни институции, со насилство и закани. ГРОМ го повикува лидерот на СДСМ и неговите ‘другарчиња’ кои сесрдно го поддржуваат во оваа општа деструкција и разнебитување на државата, да престанат со скандалозните серијали за ‘Вистината за Македонија’ зашто, сакал тој или не, вистината има и друга страна, која полека ја спознаваат сите разумни граѓани во земјата“, рече Јакимовски.

„Во овој момент во Република Македонија е битно кој е подготвен да се спротистави на обидите на лицата кои се подготвени да постават квислиншка, марионетска власт, а ГРОМ и јас лично не сме подготвени во тоа да им помогнеме. Да не случајно мислите дека членовите на ГРОМ ќе ве подржуваат во вашите незаконски дејствија и вашиот налудничав поход да се прогласите себеси за премиер, а веројатно вашиот брат Вице, за гувернер на Народната Банка на Македонија“, додаде претседателот на ГРОМ и воедно градоначалник на скопската општина Карпош.

Според Јакимовски, откако во Струмица „го исцица државното земјиште, на Заев му се потребни нови територии за да додаде уште некоја нула на богатството на кланот Заеви на нему својствен рекетарски начин“. Оцени дека Заев е човек со мал демократски капацитет, кој бара оставка на владата, и не само оставка, туку и преодна влада, во моменти кога не е подготвен да свика ниту една обична седница на Советот во неговата Струмица за да им ја објасни на граѓаните тактиката на неговото земање мито.

„Она што Заев го нуди на Македонија како алтернатива се рекетарски шеми и одмазда. а не иднина. ГРОМ уште еднаш му укажува на Заев дека државата се брани преку институциите на системот, а не преку скандали и насилни сценарија кои нему ќе му се вратат како бумеранг“, порача Јакимовски.

„Наместо да се направи исчекор земјата да излезе од криза, Заев во континуитет, на насилен и дволичен начин долева масло на огнот со единствена цел: како најскоро да се добере до власта. Се разбира, на крајно компромитирачки, деструктивен и нелегитимен начин, газејќи ги сите демократски, политички и правни институции, со насилства и закани. Граѓанската опција за Македонија ГРОМ го повикува лидерот на СДСМ и неговите „другарчиња“ кои сесрдно го поддржуваат во оваа општа деструкција и разнебитување на државата, да престанат со скандалозните серијали за ‘Вистината за Македонија’ зашто, сакал тој или не, вистината има и друга страна, која полека ја спознаваат сите разумни граѓани во земјата“, порача Јакимовски.Одговарајќи на новинарско прашање дали ГРОМ има став околу наводните „кринимали“ што ги објавува СДСМ , Јакимовски одговори дека ГРОМ има став за секое битно прашање во државата.

„Нашиот став е јасен Никој не може да дојде на власт на нелегитимен начин, никој освен Обвинителот, Судот, во законски утврдена процедура, не може да врши прислушкување, селектирање на материјали и нив да ги злоупотребува. Ние можеме да ги коментираме сите тие работи, во една транспарентна судска постапка. Но, кога на СДСМ не му се битни легалните институции и правниот систем на државата, битна му е само содржина, тогаш треба да му е важно и она што е објавено во видео снимка за господинот Заев, каде детално ги објаснува своите криминални дејствија, на начин на кој, прво ги намалува приходите на Буџетот на Општина Струмица, а потоа се договара како сето тоа да биде во негова корист и во корист на неговиот брат“, одговори првиот човек на ГРОМ.

На обвинувањето на новинар дека е „платен“ од страна на власта за да ја поддржи, Јакимовски одговори дека „Јас сум човек кој не се плаќа со пари, туку со образ, а тие кои плаќаа со пари се изведени пред лицето на правдата“.

„Јас мандатот сум го добил од граѓаните на Карпош, а тие многу добро знаат кој е посветен на работата и на проблемите кои тие ги имаат. Во овој момент во Република Македонија е битно кој е подготвен да се спротистави на обидите на лицата кои се подготвени да постават квислиншка, марионетска власт, а ГРОМ и јас лично не сме подготвени во тоа да им помогнеме“, рече Јакимовски./крај/мф/бб/

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија1 час

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија2 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија2 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...

Македонија2 часа

ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде може да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка, која на...

Свет4 часа

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија4 часа

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски, кој дивееше на скопските улици, а беше ослободен од...

Свет5 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет5 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија6 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет17 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија19 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет21 час

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија23 часа

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...

Македонија23 часа

Палевски вели дека не се пријавил во полицијата во Баликесир оти секако ќе го нашле, се видел на сите вести во пицеријата додека пиел еспресо

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски, во судот одговараше на прашањата на обвинителите. Тој беше прашан зошто...

Свет1 ден

Путин најавува тридневно примирје

Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Нов скандал, братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Денеска објавуваме нов скандал. Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква...

Македонија1 ден

„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние...

Македонија1 ден

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...