Контакт

Политика

Комитетот за односи меѓу заедниците и неколку собраниски комисии ќе одржат седници во Собранието на РМ

Објавено пред

Комисиите за европски прашања, за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија,  за образование, наука и спорт во понеделник ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.
 

Комисиите за европски прашања, за труд и социјална политика, за здравство, за транспорт, врски и екологија,  за образование, наука и спорт во понеделник ќе одржат седници во Собранието на Република Македонија.

 

Предвидено е заедно со Комисиите седница да одржи и Комитетот за односи меѓу заедниците.

 

Комисијата за европски прашања ќе го разгледува извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2014 година, за периодот 1 јануари до 31 март 2014

 

На дневен ред на оваа комисија треба да се најде и Предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање.

 

Пред членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за  Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица  и педофилија, во второ читање.

 

Комисијата ќе расправа и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството во прво читање.

 

Предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и за дополнување на Законот за  земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, двата во второ читање, предвидено е во понеделник да се најдат на дневен ред пред Комисијата за здравство.

 

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе дискутира за предлог – законите за изменување и дополнување на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење, за превоз во патниот сообраќај, трите во второ читање.

 

На дневен ред на седницата пред членовите на Комисијата се и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај и за железничкиот систем, двата во прво читање.

 

Ќленовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледуваат Предлог-законот за спортска академија, во второ читање и Предлог-законот за дополнување на Законот за високото образование во прво читање.

 

На дневен ред на Комитетот за односи меѓу заедниците е избор на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците./крај/мф/ап 

Македонија

(Видео) Силјановска Давкова: Нам не ни требаат туѓи глетки, туѓи фотографии, зошто нашите го одземаат здивот

Објавено пред

Нам не ни требаат туѓи глетки, туѓи фотографии, зошто нашите го одземаат здивот. Знам зошто Константин Миладинов тагувал за југот, ваквите глетки ги носел во срцето и душата, спремен бил и да умре ама среде ваква убавина, изјави Гордана Силјановска Давкова.

„ Тука човек помислува на победата на 15 јули. За да започне нова македонска ера, и се што ќе правиме ќе биде во хармонија со убавината. На 15ти ќе зачекориме во ера од која нема да се срамиме, ера која ќе ја споменуваат по добро, ера која ќе биде пресвртница кон нови демократски чекори што никој не ќе може да ги запре“ порача Силјановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: За 5-6 години ќе го завршиме преговарачкиот процес со ЕУ

Објавено пред

Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес, порача во Чаир, Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“.

„Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи“, појасни Спасовски.

Рече и дека под водството на СДСМ ќе продолжи концептот за повеќе пари кај граѓаните, за поголем економски стандард на сите.

„Минималната плата ја зголемивме на 14.500, а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120% повеќе од 9 илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега“, истакна носителот на СДСМ.

Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој, како што посочи, го креирал ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Казни за 455 луѓе поради неносење заштитни маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 455 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион42 минути

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа...

Македонија1 час

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјава само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјава само со негативен тест за...

Регион2 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија2 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион11 час

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион13 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион14 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет16 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион18 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија19 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија19 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион22 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион22 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион23 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија24 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 ден

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 ден

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија1 ден

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Досие