Контакт

Политика

Попис на населението најрано за две ипол години

Објавено пред

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, пред околу два месеца во два писмени дописи од својот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побарал да се договори спроведување на статистичката операција,  потврдува за весникот Дневник  висок партиски извор од ВМРО-ДПМНЕ.

Според истиот извор, двата предлога главно се базираат на административно пребројување на населението, но и на теренска проверка за неколку прашања и според најавите пописот најрано би можел да се спроведе за две и пол години, пренесува Дневник. 

 

Истиот изворот нагласил дека Груевски не добил конкретен одговор од Ахмети дали го прифаќа или го одбива предлогот и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се уште чека одговор.

 

Од ДУИ за Дневник ја потврдиле ваквата информација но истакнале дека се уште не ги разгледале доставените предлози.

 

Вицепремиерот Муса Џафери за весникот истакнал дека ДУИ не е против административен попис, но смета дека тој не треба да се оптоварува со евиденција на граѓаните што влегле или излегле од државата.

 

Весникот пишува дека токму несогласувањата за тоа дали во пописот да влезат и граѓаните што се надвор од државата повеќе од една година беа причина за прекин на редовниот попис во 2011 година.

 

Според пишувањата на Дневник за административен попис неопходно е соодветно софтверско решение кое би ги поврзало податоци од сите државни регистри и на тој начин би се дошло до бројки како за време на теренски попис.

 

Весникот наведува дека и за вториот предлог е потребно софтверско решение, но оваа операција ќе се извршува во комбинација со теренски попис./крај/мф/ап

 

Македонија

Мицкоски: Предизборно мали се шансите за коалицирање со албанска партија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека предизборно се мали шансите за колицирање со политичка партија од албанскиот блок, но, како што рече, постизборно подготвени се да разговараат.

„Во моментов, предизборно, мали се шансите да има таква партија. Ќе почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија, а потоа, се разбира доколку на политичка и проектна основа имаме какво било совпаѓање со кој било политички субјект, тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.

Прашан како напредува предизборното коалицирање предводено од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека во тек се преговори со политичките парти коишто се заинтересирани да бидат дел од коалицијата, а во текот на следната недела ќе излезат со повеќе детали.

„Ги слушнавме ставот и барањата на оние коишто преговараат со нас. Ние нашите позиции ги презентиравме, па приближно на тоа се сведуваат дискусиите“, рече Мицкоски.

Во однос на коалицијата што денеска ја најавија СДСМ и Беса, Мицкоски кусо искоментира: „Среќно нека им е“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Како ќе се позиционираат ДУИ, зависи од нив

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот за коалиција со Движењето Беса, за односот со ДУИ, рече дека како тие како партија ќе се позиционираат зависи од нив, откако беше прашан дали бил уценуван од ДУИ, откако во своето обраќање рече дека нема да прифати уцени за коалиција од ниту една политичка партија.

„Ќе бидам конкретен. Одлуката на ДУИ за коалицирање со СДСМ помогна да падне режимот. Донесовме многу заеднички одлуки кои се важни за државата, но имавме и негативни последици за одредени прашања. Ние сме отворени за инклузивност со сите кои ќе се држат до нашите принципи и затоа сме сигурни за извојување победа и чист мандат. Како ќе се постави ДУИ, зависи од нив, како тие ќе се позиционираат, дали ќе менуваат на подобро, тоа е нивно прашање“, изјави Заев.

За тоа какви проблеми имале со коалицискиот партнер, Заев не одговори конкретно, но порача дека партиите треба да си ги преиспитаат своите погрешни постапки и да се менуваат на подобро.

„Имавме заеднички успех, ќе повторам, донесовме многу важни одлуки, но и имавме проблеми. Манипулацијата на Блерим Беџети ќе ја споменам како пример,но народот гледа сè и знае сè што се случувало, затоа што секогаш сме биле искрени. Ние сме заедно и функционираме до завршувањето на мандатот. Дури, заедно настапивме и на изборите во 2017. Отворени сме за сите партии, за искрена соработка. Но, еве ја користам оваа можност да порачам дека како партии треба да се менуваме на подобро, да работиме заеднички за доброто и иднината на нашата земја“, рече Заев.

Што се однесува до кандидатите за пратеници кои ќе се најдат на листите, лидерот на СДСМ рече дека сè уште немаат постигнато договор со Беса. Тој додаде дека имињата ќе ги соопшти откако ќе завршат преговорите и со другите коалициски партнери кои се во тек.

Неговиот коалициски партнер Касами само кусо рече дека на листите ќе се најдат луѓе кои може да ги понудат како најдоброто кадровско решение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Коалицијата со Беса е историска

Објавено пред

Коалицијата со Беса е историска и победничка, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по потпишувањето на Декларацијата за заеднички настап на изборите на 12 април со Движењето Беса.

„Нашето општество се менува на подобро, нашиот концепт ‘Едно општество за сите’ го негуваме, а моноетничкиот систем за нас е минато. СДСМ во 2016 привлече 10.000 албански гласачи. Мултиетничкиот концепт го пресликуваме во коалиција со заедничка програма, заеднички капацитети кадровски. Ќе работиме заедно на нашите заложби за подобро општество и обединување, во сферата на економијата, евроинтеграциите… Во нашата заедничка куќа ставаме уште поцврсти темели. Оваа коалиција е историска, победничка и ќе биде најразноликата до сега“, рече Заев.

Тој ѝ честита на Беса кои, како што кажа, се надминале самите себеси и го прифатиле предизвикот заеднички да работат на подобро општество за сите.

„Ние сме сигурни победници на 12 април. Ќе освоиме доволно гласови. Оваа коалиција се потпира на одредбите за спроведување на одредбите од Охридскиот договор, преспанскиот и Договорот од Бугарија. Секој кој размислува како нас е добредојден. За ВМРО додека е на чело Мицкоски нема место. Ги повикувам од ВМРО-ДПМНЕ да си преземат чекори за вистински реформи“, рече Заев.

Тој им порача на другите албански партии дека СДСМ нема да прифати договори и преговори кои се темелат на уцени и пазарења.

„Прифатени ќе бидат оние кои ќе се држат до нашите принципи, до граѓанскиот концепт кој е нашиот основен постулат, да работиме заеднички за иднината на нас и нашите деца“, рече Заев.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, рече декаа верува дека заедничкото делување ќе донесе уште подобри резултати.

„Заедно ќе се бориме на патот до ЕУ, за реформите во правосудството, за подобра економоја, да останат нашите деца тука, да живеат во држава која ќе даде еднаква шанса на сите“, рече Касами.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа4 часа

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Македонија5 часа

Министерството за здравство: Лицето дојдено од Рим, за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус

Mинистерството за здравство информира дека лицето пристигнато од италијанската престолнина, за кое попладнево министерот Венко Филипче најави дека се очекуваат...

Македонија7 часа

Операторите од понеделник на полноќ ќе ја реемитуваат само МТВ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски...

Македонија9 часа

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија10 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија10 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија11 час

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија11 час

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија12 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ12 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија13 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија13 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион13 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет14 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет14 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа15 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија15 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија1 ден

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Досие