Контакт

Политика

Постигнат договор, избори на 24 април

Објавено пред

Предвремени избори на 24 април 2016 година, организирани од преодна влада која треба да биде формирана на 15 јануари, а во која одредени министри ќе бидат од опозицијата, договорија лидерите на четирите политички партии.

По повеќечасовните преговори ноќта кон средата, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан околу еден часот по полноќ соопшти дека партиите постигнале договор за излез од политичката криза, иzразувајќи задоволство од постигнатиот договор.

„Овој ден, оваа ноќ е одлична за вашата земја. Широко ќе ги отвори вратите кон евроатлантските перспективи. Можете да бидете горди на вашите лидери кои ќе ве водат кон просперитетна иднина. Ова е совршен моментум за вашата земја. Меѓународната заедница ја препозна потребата за помош на земјата, за да ги направите потребните реформи. Токму ова беше договорено вечерва“, изјави Хан.

Тој информираше дека во текот на вечерта имал телефонски разговор со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд и ја информирал за разговорите.

Хан беше задоволен што може да соопшти дека Македонија со овој компромис ќе ја задржи препораката за почнување пристапни преговори со ЕУ, но и дека  треба  да им помогне на некои земји членки кои имаа отпор и го блокираа отворањето на преговорите, да се убедат да ја отворат вратата за европската перспектива на земјата.

Потврда за резултатот од долгите и напорни преговори на лидерската четворка даде и европратеникот Ричард Ховит кој остана до крај на средбата, а претходно присуствуваа и европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан, но тие заминаа порано.

Премиерот на техничката Влада ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ, а во неа СДСМ ќе има министер за внатрешни работи и труд и социјална политика, како  и заменици министри со право на вето во министерствата за финансии и земјоделство.

До 15-ти септември ќе се избере и нов специјален обвинител кој треба да ги истражи систе злоупотреби откриени си прислушуваните разговори, а на истиот датум опозицијата ќе се врати во Собранието.

Работни групи на двете партии треба допрва да утврдат кој ќе раководи со други значајни институции како Управата за јавни приходи, Бирото за јавна безбедност, МРТВ и други./крај/мф/бс 

Извор: Макфакс

Македонија

Обезбедени нови 40 автоматски агитатори за Институтот за трансфузиона медицина

Објавено пред

На Институтот за трансфузиона медицина, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка, обезбедени се 40 автоматски агитатори.

Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на сите податоци за кесата која се употребува за крводарување и онлајн миграција на сите податоци директно во националниот информатички систем за крвна банка e-Delphyn.

Агитаторите се поделени на стационарни за Институтот за трансфузиона медицина, Центрите за трансфузиона медицина во Штио, Битола и Тетово, како и мобилни во рамките на мобилните екипи за собирање крвни единици. Со ова, се заокружува процесот на усогласување на работа според европските директиви.

Како што велат од Министерството за здравство, во Институтот за трансфузиона медицина реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алими во сведочењето во СЈО: Ја чекав сопругата во ходникот, не уништував изборен материјал

Објавено пред

На изборите во 2013 година обвинетиот координатор на ДУИ, Ејуп Алими, на записникот даден во ноември 2016 година во СЈО изјавил дека тој ден кога било гласањето ја чекал сопругата, која била претседател на избирачки одбор, и се поздравил со присутните, а не влегол воопшто во просторијата за статистика.

„Мојата сопруга Јетмире беше претседател на избирачкиот одбор во општина Чаир. Ја чекав сопругата во холот од 15 до 20 минути дури не заврши. Не влегов во просторијата за статистика. Не сум разговарал со никого од Општината”, изјавил Алими на записник, кој лично го потпишал и кажал дека нема забелешки на записникот.

Претходно во судот рече дека немало записничар и дека биле само тој и обвинителката Фетаи.

На следното рочиште во декември во видеоконференциска врска треба да сведочи клучен сведок на СЈО од Германија, кој судот се мачеше со месеци да го обезбеди.

Во „Титаник 3“, кој е пред пресуда, обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими и Исмет Гури. Тие како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал. Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. На двајцата обвинети им се закануваат најмалку по пет години затвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

53 новороденчиња добија ваучери од Општина Кисела Вода

Објавено пред

Општина Кисела Вода на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им додели нови 53 ваучери.

Ваучерите во висина од 6000 денари, Општината ги доделува со цел на семејствата да им послужат за првичните потреби за децата. Истите денеска ги подели секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски.

Барањата за добивање ваучер потребно е да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија3 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија3 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија4 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет5 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет6 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија7 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија8 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија18 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет18 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа20 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет21 час

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија24 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие