Контакт

Политика

СДСМ ја промовираше Визијата за Македонија

Објавено пред

Со проект наречен „Визија за Македонија“ кој ќе биде промовиран на јавни трибини низ целата држава, а се заснова на пет столба, СДСМ нуди подобра иднина за Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Ја враќаме моќната, стабилна, спокојна и среќна средна класа. Создаваме општество на слободни и еднакви граѓани, во модерна и европска Република Македонија“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Со Визијата за Македонија се предвидуваат плати кои обезбедуваат пристоен живот, а пензиите достоинствена старост, даноци помали за сиромашните граѓани, а повисоки за најбогатите, социјалната помош ги извлекува корисниците од сиромаштија, државата помага развој на домашните претпријатија, кои отвараат нови работни места. Понатаму, земјоделците располагаат со својата земја, за родот се обезбедува пласман, се вложува во домашни енергетски капцитети за стабилна и поевтина струја, се градат модерни патишта за безбеден сообраќај.Лекарите се задржуваат во јавното здравство со достоинствени услови за работа, А граѓаните кои имаат потреба од лекарска помош добиваат квалитетни и брзи услуги.Наставниците и професорите се почитувани и вреднувани, а клучно во образованието на учениците и студентите е да научaт, не оценувањето; полицијата ги штити граѓаните, а не власта; прва задача на инспекциите е да укажуваат, не да казнуваат; живееме во чиста животна средина со современа заштита на воздухот, водата и земјата; граѓаните сите основни потреби можат да ги завршат во општините во кои живеат; граѓаните остануваат да живеат во Македонија и ги враќаме оние кои заминале; живееме без притисоци, уцени и закани, во безбедна, демократска, европска Македонија, членка на ЕУ и НАТО и владата е сервис на граѓаните.За да се оствари ова, потребна е работа на петте поставени столбови: Првиот столб обезбедува одговорна власт и контрола над власта, вториот столб обезбедува праведна распределба на доходот и извлекување од сиромаштија, третиот столб обезбедува развој на домашните капацитети и пристојна работа, четвртиот столб обезбедува европска иднина и квалитетен живот и  петтиот столб обезбедува едно општество за сите.Суштината на првиот столб е целосно да го разголи работењето на луѓето на власт преку воведување нивна отчетност и транспарентност.„Ние мислиме дека се додека не се постави одговорна власт, но и не се обезбеди независна контрола врз власта, секогаш мала група луѓе на власт ќе наоѓа начини како парите да завршат главно кај неа. И понатаму лесно таа група прави `се што е од нивна корист. Не е важно дали се зголемуваат, на пример, парите за вработување, надоместоците за социјална помош, субвенциите во земјоделието, буџетот во културата. Се додека има можности комотно да владее малата група на власт, додека таа ги контролира институциите, а не тие неа, секогаш таа мала група на власт ќе добива `сe, а сите останати по некоја “коска”. Затоа, борбата за средната класа започнува токму тука. Затоа е потребен Првиот столб“,  рече Драган Тевдовски претседател на комисијата за економија на СДСМ.СДСМ предлага Владата да одговара еднаш неделно на пратенички прашања во Собранието, а не еднаш месечно како сега. Така опозицијата смета дека ќе се подобири отчетноста на Владата пред Собранието.СДСМ бара сите оф шор компании што инвестираат во Македонија, да бидат се обврзани да ги соопштат вистинските сопственици. На сите постоечки оф шор компании во Македонија им е даден рок до кога ќе мораат да го достават целокупниот историјат за нивната работа.„Одговорната власт значи и дека нема да отпуштаме луѓе во јавната администрација – таму каде што има пренатрупаност во канцелариите, вработените кои сега немаат ни столче ни работни задолженија, се пренасочуваат кон други активности. Тоа се активности што ќе обезбедат подобри услуги за граѓаните и заштита на нивните права. На пример, податоците покажуваат дека недостигаат негувателки во детски градинки. Или инспектори на пазарот на труд. Секако тоа ќе биде направено според соодветната стручна подготвеност“, рече Тевдовски.Првиот столб предвидува и контрола над власта.СДСМ најавува дебати за тоа како да се обезбедат услови за одговорна.  Денеска во Неготино со почеток во 19 часот во Домот на културата „Ацо Ѓорчев“, утре во Тетово со почеток во 19 часот во Советот на Општина Тетово, задутре во Скопје со почеток во 12 часот во објектот на Скопски саем. Во петок продолжуваат во Кочани со почеток во 19 часот во Мултикултурен центар, во сабота во Охрид со почеток во 19 часот во хотелот Ривиера, во недела, на 11 Октомври, во Скопје во 12 часот во објектот на Скопски саем./крај/мф/бб 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија4 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет6 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет7 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет12 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет16 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет16 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет16 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет17 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет17 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет18 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија18 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет18 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет18 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет21 час

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија23 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет23 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет1 ден

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет1 ден

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...