Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДСМ се големи, а резултатите никакви
Зоран Заев денеска го најави новиот 15 септември. Ништо ново од СДСМ. Многу зборови, многу пароли, многу ветувања, а никакви резултати. Така беше низ годините, веројатно така ќе биде и ова ветување, сметаат од ВМРО ДПМНЕ за проектот „Визија за Македонија“, што во понеделникот го промовираше СДСМ.
„Како и неговиот славен претходник, кој ветуваше по еден вработен од секое семејство, така и Зоран Заев чекори по истите политички стапки, ветувајќи се и сешто, и она што е остварливо, уште повеќе неостварливо, и тоа што е реално и нереално, само и само да се дојде до власта и да се изманипулира еден гласач за глас повеќе“, рече Антонио Милошески, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, се работи за неодговорно политичко однесување кое СДСМ го има како своја традиција.
„Зоран Заев е соочен со изборен пораз кој му претстои и кој нема да може да го правда со никакви лаги и манипулации во април следната година. Нема избор, мора да ветува се, за бар да се спаси себе и својата функција во СДСМ“, рече Милошески.
Тој смета дека раководството на опозиционата партија е исплашено од големиот број на конкретни мерки и проекти кој што се спроведени од Владата, при што ги наброја зголемувањето на платите, пензиите, градењето на автопати, градењето на нови училишта, реконструкции на болниците, проектот Македонија вработува, легализација на дивоградбите, по достапно и поевтино образование, нови апарати за здравството, субвенциите за земјоделците, достапните кредити за домашните компании и илјадници други проекти со кои им се помага на граѓаните во сопствениот живот.
„Денешната најава на СДСМ е нешто што ВМРО-ДПМНЕ го прави веќе десетина години, пред и на секој изборни циклуси. Десет години спремаме програми и тоа го правиме со граѓаните, ги сослушуваме нивните потреби, ги вклучуваме во проекти даваме рокови и работиме на нивно остварување. Но има една клучна разлика, затоа што ние ги слушаме граѓаните и она што го презентираме како програма секогаш го исполнуваме. СДСМ е добра за претставување на програми и на лажни ветување, но недостатокот на СДСМ е што тешко исполнува и остварува“, рече Милошоски.
Според него, лидерот на СДСМ ја гледа во очи јавноста и ја лаже сопствената држава.
„Станува збор за човек кој постојано покажува дека тоа што го ветува не знае да го реализира. Тоа најдобро на своја кожа го осетиле неговите сограѓани во Струмица кои му ги паметат и ги живеат лажни ветувањата кои ги даваше во кампањата за локалните избори како сегашен градоначалник на Струмица“, рече Милошоски.
Тој наброја повеќе проекти за кои вели дека Заев ги ветувал на локалните избори за Струмица неколку пати, а што не исполнил ниту до ден денес.
Граѓаните на оваа држава се апсолутно свесни дека Зоран Заев уште еднаш се обидува да ги манипулира. Затоа граѓаните на оваа држава им е јасно дека не треба да се дозволи да им се случи нов 15-ти септември, истакна Милошоски. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.