Контакт

Политика

СДСМ објави разговори за „пазарење со Хашките случаи“

Објавено пред

За да ја зацврсти владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, премиерот Никола Груевски, се договарал „Хашките случаи“ да се решат со Законот за амнестија, собраниски, обвини во понеделник со 18-тата таканаречена `бомба`, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.
 

dobivaj vesti na viber

За да ја зацврсти владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, премиерот Никола Груевски, се договарал „Хашките случаи“ да се решат со Законот за амнестија, собраниски, обвини во понеделник со 18-тата таканаречена `бомба`, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

 

„Лично Никола Груевски се испазарил со Али Ахмети за затворање на ‘Хашките случаи’ со амнестија. Груески лично наредил, за тој да се заштити, целата постапка да ја префрли на парламентот. Ќе слушнете како Груевски лично менаџира, оваа правно неизводлива процедура на амнестија, на којашто му укажуваат соработниците, да ја натовари на пратениците и министрите – пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – бидејќи во тој период новата Влада се уште не е формирана“, рече Заев на прес-конференција.

 

Од наводен разговор меѓу премиерот Никола Груевски и пратеничката Силвана Бонева, машкиот глас вели: „За Хашките ќе мора мислење да побара од Влада, Трајко (Вељаноски, претседател на Собранието), таков бил Деловникот. ..И мора да дадеме мислење. Значи не може ако не го дадем, он да го пројде. Нашето мислење ќе биде округло па на ќоше, или ќе биде цитат на некој закон или нешто така.“, а женскиот глас вели „Како Закон за амнестија“, на што Груевски додава „Значи ни да ни не, него колку да пратиме нешто ќе биде“.

 

Вака договореното решение, тврди Заев, им задава главоболки на неговите соработници, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вицепремиерот Зоран Ставрески и Билјана Бришкоска од министерството за правда, кои треба да го смислат текстот, за кој гласот што се претпоставува дека е на Јанкулоска вели: „Ние нешто од влада да пуштиме округло… Ништо што не значи, па што сакаат нека прават у Собрание“.

 

Дополнително, треба овој документ да го потпише тогашниот министер за правда Михајло Маневски, кој не сакал да го направи тоа, и министерот Абдулаќим Адеми, беше протолкувано на прес-конференцијата на СДСМ.

 

За целата ситуација да биде уште позатегната, кога законот стигнува во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ нема кворум да го изгласа, па повторно се интервенира, преку Илија Димовски, Влатко Ѓорчев и други, кај министрите и пратеници Јанкулоска и Ставрески, да се појават задолжително во Собрание и да гласаат, беше толкувано до Заев.

 

Тие избегнуваат да се појават, но на крај, премиерот Грувски, дава задача на секретарката да се јави кај министрите „и вели: „Министриве ако ти речат имаме друго – не, одете“, така да им соопшти“, рече Заев.

 

„Од овој листинг од гласањето на Законот за амнестија за хашките случаи, може да се види дека и Зоран Ставрески сепак не се појавил на седницата, а Гордана Јанкулоска не гласала“, додаде Заев.

 

Според него, избран премиер нема да се крие зад своите пратеници, туку тој носи одлуки и стои зад нив. Одговарајќи на новинарско прашање каков е нивниот партиски став за Хашките случаи, тој рече дека пратеничката гупа на СДСМ во тоа време, гласаше против автентичното толкување.

 

Со прифаќањето на Предлогот за автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ решија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници. По затворањето на хашките досијеа единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал. Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“.

 

Судот донесе решение да се запре кривичната постапка за обвинетите во единствениот хашки случај „Мавровски работници“, којшто беше вратен во Македонија и влезе во судска процедура.

 

Повеќе од два месеца се одложуваше главниот претрес на ова судење. Обвинителството не ја чекаше одлуката на Уставниот суд околу претставките кои беа поднесени по изгласувањето на автентичното толкување на Законот за амнестија.

 

Од петте хашки случаи, судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а останатите четири, „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“, во кои се обвинети високи функционери на коалициониот партнер во владите на СДСМ од 2002 до 2006 година и на ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, Хашкиот трибунал ги врати во надлежност на македонските судови.

 

Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26-ти септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.

 

Тоа значи дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година./крај/мф/бб

 

  



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Објавено пред

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.

– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.

Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.

– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.

Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно

Објавено пред

Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.

dobivaj vesti na viber

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Објавено пред

На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.

dobivaj vesti na viber

„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.

Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.

„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија3 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија11 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија12 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија14 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет15 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија16 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...