Контакт

Политика

Шекеринска повика институциите да спроведат кредибилни избори

Објавено пред

Институциите треба да гарантираат кредибилни избори, а тоа се постигнува со почитување на законите, смета заменик претседатлката на СДСМ Радмила Шекеринска.

dobivaj vesti na viber

„Ние сметаме дека секој ден сите институции на Македонија се на тест дали изборите се кредибилни или некредибилни. Начинот на кој треба да дојдеме до кредибилни избори е да ги почитуваме сите закони и поради тоа ние од наша страна, направивме сé и ќе продолжиме да го правиме за да добиеме избори од кои граѓаните нема да се срамат, туку да се гордеат. Меѓутоа секој со својата одговорност“, рече Шекеринска во четвртокот.За ставот на СДСМ во однос на иницијативта на Унитети до Уставниот суд за нелегитимноста на изборите, таа вели дека ова може лесно да се реши доколку Македонија стане една изборна единица, место сегашните шест.„Тоа е задача за Уставниот суд кој, за жал, во минатото за исто прашање носеше две различни одлуки. Ние од самиот почеток рековме дека е добро и дека ќе поддржиме решавање на овој проблем, меѓутоа, за жал, кај владејачките партии немаше интерес дури ни да се даде конкретен предлог. Сметаме дека ова прашање може многу лесно да се корегира и затоа уште еднаш повотуваме дека за Република Македонија, најдобро решение е целата држава да биде една изборна единица. На тој начин ќе престанат сите сикусии дали гласот на секој граѓанин во државата подеднакво вреди. На тој начин ќе престанат и овие непродуктивни расрави околу границите, околу општините и околу начинот како да се поделат сите изборни единици во шест изборни региони“, вели Шекеринска.Таа изрази поддршка за идејата на Левица за изолирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно за повикот ни една партија да не коалицира со владејачката партија.„СДСМ и здружената опозицијата почнаа процес на покажување на вистината за ВМРО-ДПМНЕ на цела Македонија. Зарем некој има дилеми која е нашата позицијата? Цела оваа процедура целиот овој период го помиавме, за никогаш повеќе ова да не и се повтори на Македонија. Се разбира дека секој оној кој смета дека ова е непрефитливо го споделуваме со нив ставот дека на македонската јавност и е јасно и ќе и биде јасно кој шурувал, кој шурува, кој се пазари со ВМРО-ДПМНЕ а кој одамна кажа дека ваква власт мора час поскоро да си замине“, додаде Шекеринска.Претходно, таа го појасни планот  со кој доколку СДСМ дојде на власт ќе го промени начинот на којшто функционира законодавниот дом со цел да не биде само гласачка машина, туку сервис на народот.„Според нашиот план ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите, и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи. Имаме план според кој пратениците во Република Македонија ќе ги бираат навистина граѓаните, на тој начин што ќе овозможиме избор преку отворени листи. Така ќе добиеме посилни пратеници, и посилно Собрание“, рече Шекеринска.Исто така, планот предвидува скратените процедури за носење на закони во Собранието да се ограничат, како и да се ревидира начинот на исплата на патните трошоци за пратениците кои живеат надвор од Скопје./крај/мф/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена...

Топ5 часа

Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир. Од тука информираа дека постапка...

Македонија5 часа

Одбраната побара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев, Видевски и Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче

Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче....

Свет6 часа

(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели...

Македонија7 часа

Преспанци ќе добијат можност сами да предложат како да се уредат 30 локации на кои досега на диво трупаа ѓубре

Купишта ѓубре безмалку на секоја улица и силна смрдеа ги пречекуваат и оние малкумина туристи што ќе одлучат да ја...

Македонија10 часа

Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени,...

Македонија11 часа

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која...

Македонија11 часа

Од денес до петок – пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Свет12 часа

Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура. Шефот...

Македонија13 часа

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад во Скопје, одговорот е поради...

Македонија14 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани, кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија14 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија15 часа

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и...

Македонија15 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија1 ден

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет1 ден

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија1 ден

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет1 ден

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет1 ден

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...