Контакт

Политика

Шеќеринска: Власта по секоја цена бега од фер и демократски избори

Објавено пред

Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска, државна криза која што е предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ, а како резултат на таквите политики сите овие години, денеска како држава се соочуваме со огромен број на луѓе, стотици илјади, коишто заминуваат од државата, изјави во петокот потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

dobivaj vesti na viber

„Се соочуваме со низок животен стандард, со медиумски мрак, со изборни измами и сериозни индиции за голем криминал коишто се случувал.  Овие политики и овие резултати можеме да ги промениме само низ чист, кредибилен, фер и демократски изборен процес. За таа цел, на Македонија и се неопходни прочистен избирачки список, неопходни и се реформирани медиуми. За жал и во последниве денови се покажува дека власта бега по секоја цена од фер и демократски избори и сака да продолжи да лови во матно, како што ловела во сите изминати изборни циклуси“, вели Шеќеринска.

„Во текот на вчерашниот ден, станаа достапни документи и дописи коишто доаѓаат од страна на две институции, а тоа е Агенцијата за пошти и Дирекцијата за заштита на лични податоци, коишто замислете, преку ноќ се сетиле дека веќе не било време за спиење и одеднаш станале многу заинтересирани за заштитата на личните податоци на граѓаните на Република Македонија. Ова се две институции коишто во ист ден испратија дописи и пораки и одлуки до ДИК со една и едниствена цел, координирана од врвот на ВМРО ДПМНЕ, а тоа е да се спречи понатамошното јавно објавување на сите податоци од избирачкиот список“, објаснува потпретседателката на СДСМ.

„На тој начин ќе се криши Изборниот закон и ќе се кршат принципите коишто беа договорени и во Пржино и после тоа. Замислете овие две институции коишто молчеа сиве овие години кога на пример партиски организации шетаа од врата на врата и со податоци од ПИОМ коишто содржеа и адреси и податоци и имиња и презимиња и единствени матични броеви, одеа од човек на човек, тогаш овие две институции никаде ги немаше. Кога излезе скандалот со употребените лични карти од страна на владеачките партии, тие молчеа. Сега кога постоеше целосен консензус дека избирачкиот список јавно достапен до сите граѓани ќе се прочисти и како резултат на дојавување и од страна на граѓаните, одеднаш го свртеа листот и сега бараат ДИК практично да им ги затвори овие информации коишто беа достапни до граѓаните“, објаснува Шеќеринска.

„Со тоа се покажува дека власта бега од фер и демократски избори и дека се плаши дека било каков јавен пристап до избирачкиот список ќе ги открие дополнително, криминалот коишто бил правен во претходните избори. Заради тоа сакам да ја испратам пораката. На граѓаните на Република Македонија и требаат избори час поскоро, коишто ќе стават крај на овие погубни политики. Тие избори мора да бидат фер и демократски. За фер и демократски изброи неопходен е чист избирачки список и неопходни се реформирани медиуми. Ние ќе продолжиме да инсистираме на овие два услова без кои фер и демократски избори нема да бидат возможни“, порача Шеќеринска.

Запрашана пак околу тоа како го оценува излегувањето на ДУИ од владата, Шеќеринска вели дека тоа е став на ДУИ, а она за што се залага СДСМ е да не дозволи Македонија да биде жртва на било какви внатрепартиски или меѓупартиски пазарења и договарања.

„Јас не би сакала да коментирам одлука која истата таа партија вчера ја објави и најави дека денеска ке ја дообјаснува. Нека објаснуваат, нека кажуваат кој е нивниот став, тоа не е наша работа. Меѓутоа наша работа и работа на сите граѓани на Република Македонија е никој од нас да не дозволи Македонија да биде жртва на било какви внатрепартиски или меѓупартиски пазарења и договарања. Чист избирачки список, слободни и реформирани медиуми, тоа се условите кои ги поставија граѓаните на Република Македонија и без нив фер и демократски избори не се возможни. Ќе повторам, на граѓаните на Република Македонија им требаат избори час поскоро , за да стават точка на ваквото криминално владеење коешто ја осакати оваа држава. Меѓутоа тие избори за да бидат решение на оваа криза мора да бидат чисти како солза“, вели таа.

„Нашите пораки во посетите коишто ги правиме не се кон политичките партии во Република Македонија, нашата цел е да разговараме и да испраќаме пораки до граѓаните. Оние коишто излегоа со најави сега и должат на јавноста одговори. Ние тие одговори не можеме да ги дадеме ниту пак сакаме да им се мешаме. Тие на своето гласачко тело, на своите членови, на своите симпатизери нека објаснуваат. Меѓутоа фактот е еден, било какви политички договарања, преговарања, пазарења не можат од јавноста да го скријат фактот дека само чисти избори можат да ја решат кризата во Македонија. Ние ќе продолжиме да се бориме за чисти избори . Ние сметаме дека тоа е целта на сите граѓани на Република Македонија, а политичките партии нека изберат која е нивната одлука или која е нивната игра. Фактот е еден . Бегството од фер и демократски избори не е само страв од соочување со граѓаните. Тоа е страв и од соочување со кривичната одговорност за криминалите коишто изглегле на виделина . Како што спомнав, овие две институции ни агенцијата за пошти ни Дирекцијата за заштита на личните податоци не се јавија со збор да го коментираат нелегалното прислушкување на 20.000 граѓани на Република Македонија. Не се јавија со збор кога нивните приватности и лични податоци биле злоупотребувани. Се разбира не се јавија со збор кога чувме дека опремата со којашто тоа се правело се обзнани дека била уништувана. Затоа власта овие денови нервозно реагира. Затоа избирачкиот список сакаат да го кријат од јавноста. Затоа сакаат да спречат било каква шанса за фер и демократски избори . Тоа едноставно не е опција“, заклучува Шеќеринска./крај/мф/бс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија8 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет10 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија13 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија16 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија16 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија17 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија17 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија18 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ19 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа21 час

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет21 час

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа22 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа22 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион22 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет22 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија1 ден

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија2 дена

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија2 дена

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија2 дена

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...