Контакт

Политика

Спасов најави измени во Законот за семејство по усвојувањето на уставните амандмани

Објавено пред

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во средата најави измени на Законот за семејство кои ќе дојдат веднаш откако ќе бидат усвоени амандманите на Уставот, меѓу кои и нацрт – амандманот кој Владата го достави до Собранието, а со кој бракот и регистрираната вонбрачна заедница се дефинира како животна заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж.

„По усвојувањето на измените на Уставот ќе следат и соодветни измени на Законот за семејство во кој што ќе се дефинираат начинот и постапката за регистрирање на вонбрачни заедници во Република Македонија која што е дефинирана согласно предлог амандманот како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена“, истакна Спасов.

 

Министерот појасни дека согласно Закон за семејство, вонбрачната заедница е регулирана како заедница помеѓу маж и жена.

 

„Со законот вонбрачната заедница се дефинира како вонбрачна заедница која што трае повеќе од една година, при што се изедначува со брачната заедница во поглед на меѓусебната издршка и стекнатиот имот во времето на траењето на вонбрачната заедница“, посочи Спасов./крај/мф/ап

Македонија

(Видео) Јанушев од Виница: За младите до 29 години нула проценти данок

Објавено пред

Носителот на изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при посетата на Виница оствари средба со младите од овој град.

„По посетата на Зрновце продолжуваме со посета на Виница. Само што завршивме со посета на најмладите како што можете да видите поддршката во огромен број ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ и обновата која што доаѓа она што успеавме да порачаме на Заев, Љупчо Николовски и останатите од криминално рекетарската банда од Социјалдемократскиот сојуз се дека сте прочитана книга, веќе сите знаат дека заминувате секој еден граѓанин на Република Македонија застанува и се исправува за Македонија и за ‘Обновата’“, истакна Јанушев.

Тој порача дека младите треба да останат во Македонија и тука да ја градат својата иднина, а не да одат во странство пред се Италија. За тоа мора државата да се погрижи, да обезбеди подобри услови. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ‘Обнова’ ветува зголемување на платата од 25 проценти и нула проценти данок за малдите до 29 години.

„Земјоделците ќе добијат 640 милиони евра субвенции за 4 години, но тие ќе мора да бидат исплатувани навереме. Ве повикивам на 15-ти јули да излезете, да вимавате пред се и на вашето здравје и да заокружите број 14 за Обнова на Македонија“, повика Игор Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Поддршка од германскиот министер за Европа, Михаил Рот за коалицијата „Можеме“

Објавено пред

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.

Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“, рече Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија,Германија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев во Струмичко: Парите ги насочивме кон граѓаните, инвестираме и во инфраструктурата

Објавено пред

„Докажавме дека луѓето што ја знаат маката на земјоделците и работникот, може да постигнат успеси. Еден од најголемите капитални проекти, изградбата на канализационен систем за фекална отпадна вода, е за село Банско. Тоа е 18 км канализационен систем, кој останува трајно да се користи за 2.000 жители тука“, рече претседателот Заев на средба со граѓани во село Банско, во општина Струмица.

„Сега со пријатели и решени меѓународни проблеми, со членство во НАТО и почнати преговори со ЕУ, ќе докажеме 10 пати повеќе резултати, комуналната инфраструктура ќе ја развиваме 10 пати посилно. Заедно ќе го подобриме и квалитетот на водата во Банско. Инвестиравме во мрежата, ја саниравме и направивме филтер станица и тој ќе го завршиме до крај според сите стандарди“, рече претседателот Заев уверувајќи ги граѓаните дека заедно со Општина Струмица, Банско ќе го има најголемиот СПА центар во државата за развој на туризмот и во лето и во зима.

Во Муртино, претседателот Заев го истакна инвестирањето во инфраструктурата но и зголемената помош кон земјоделците, како и реализацијата на Концептот парите кај граѓаните, преку субвенциите кои се исплаќаат редовно и навремено, субвенцирањето на зелената нафта, покачувањето на пензиите и платите, одлуката за државна социјална пензија, поддршката на стечајните работниците и помошта за повеќе од 500 млади земјоделци.

„Со СДСМ сите кои имаат потреба добиваат поддршка, и тоа навреме. Социјалната помош ја покачивме за 300%. Пензиите ги покачивме за 1.740 денари. Минималната плата беше 9.000 денари, а сега е 14.500. Просечната плата е покачена за 5.000 денари за само две и пол години.
Низ Струмичкиот регион има изградено патишта насекаде, следува целосна реконструкција на патот Робово – Муртино – Банско. Патот кон Берово е целосно рехабилитиран. Го отвораме струмичкиот регион комплетно со експресниот пат Радовиш – Штип. Правиме проект Смоквица – Валандово, Валандовско Брдо – Струмица граничен премин кон Бугарија и кон автопатот со Грција на коридорот 10“, рече претседателот Заев и ја најави новата програмата од Европската инвестициона банка за канализации и водоводи од 50 милиони евра, како и средствата од 49 милиони евра пренаменети од Штипскиот аеродром за изградба на градинки, училишта, спортски сали и комунална инфраструктура за сите“, потенцираше претседателот Заев и повтори дека ќе продолжи зајакнувањето на економијата.

„Ќе продолжиме да го јакнеме економскиот стандард на нашите граѓани преку враќање пари назад во семејствата. Лажните патриоти за сите 11 години ги интересираше само власт, пари, моќ и ништо друго. Мицкоски е десната рака на Груевски, сакаат пак да се закануваат на луѓе и по партиски штабови да прават списоци за субвенции или за социјална помош. Сега парите одат назад кај граѓаните, а не во споменици, музеи и стиропорни фасади како што одеа 11 години“, заклучи претседателот Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион41 минута

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион1 час

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава3 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет3 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт4 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија5 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ5 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија7 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија8 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ9 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа9 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет11 час

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет23 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Досие