Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да зборуваат за проекти, во СДСМ си измислуваат нови функции

Објавено пред

Зоран Заев се однесува неодговорно и несериозно. Наместо нови луѓе тој престави стари и потрошени кадри, поголемиот дел некомпетентни и без кредибилитет за областа која ја покриваат.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако во среда лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев ги соопшти имињата на луѓето што ќе ги раководат комисиите кои ќе работат како коректори на официјалните комисии.

 

„Наместо да зборуваат за проекти тие си измислуваат нови функции во рамки на партијата, но луѓето остануваат исти. Концептот кој го претстави Заев не е нов. Тој е истиот кој го промовираа кога Бранко Црвенковски беше на чело на партијата. Поголем дел од тие луѓе беа дел и од составот и личниот кадровски избор на Зоран Заев пред изборите со кој загуби со над 200 илјади гласови разлика. Промовирањето на ваквиот концепт преставува продолжување на неразбирањето и игнорирање на пораката од граѓаните дека му ги прифаќаат овие луѓе. Ова е продолжување на нивната арогантна теза дека тие не се криви, ним ништо не им фали, тие се најдобрите и дека народот е крив што не ги гласа и е заведен од некаква измислена диктатура. Тие како во времето на комунизмот само си ги прераспределуваат позиции и титули без суштинска реформа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Понатаму од владејачката партија додаваат дека истите луѓе кои ги именуваа пред нецела година како претстедатели на Совети и партиски функционери сега само се преименувани во извршни директори, претстедатели на комисии и слично.

 

„Наместо да зборуваат за програма и проекти тие си измислуваат нови функции во рамки на партијата и не водат сметка за проблемите, а граѓаните и со тоа дека треба да создадат понуда алтернатива, а не да си делат виртуелни функции“, се вели во реакцијата.

 

Понатаму интегрално го пренесуваме текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Зоран Заев во врска со понудените кандидати.

 

„Радмила Шекеринска е ликот во СДСМ кој секогаш беше најгласниот и најеуфоричниот поддржувач на Бранко Црвенковски и која цела своја кариера ја помина во аминување и спроведување на неговите погрешни политики. Сега е одговорна за надворешни работи во СДСМ, претходно ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само 6 месеци, а никогаш не кажа како и по која цена ќе го направи тоа. Таа е дел од сите политики на СДСМ и сите изборни порази. Како прв човек на СЕП за сите јавни набавки ја постави за одговорна својата золва.  Меѓу другото Шекеринска е позната и по фактот што со својот сопруг ја земаат најскапата кирија од 5000 евра месечно за стан кој сами на себе го рентаат.

 

Оливер Спасовски, сега одговорен за внатрешни работи, поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината. Со години истиот Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово, скапите вечери и пијанки кои ги организираше градоначалчникот и локалните директори. Ако беше барем малку способен немаше да дозволи во Куманово СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект. Како генерален секретар на СДСМ еден од креаторите на сценариото за создавање на алиби за изборен пораз и непризнавање на резултатите од изборите.

 

Дамјан Манчевски цел живот се шлепаше на Радмила Шекеринска и меѓу членовите на СДСМ важи за човек чиј пат до позиција му бил поплочен со голем број на убави зборови најчесто за стајлингот на претпоставените. Денес тој е одговорен за земјоделие, а човекот нема никаква врзивна точка со земјоделието. Единствено најголемо искуство има со бизнисот со тендерите за паркинг кој ги добила од општина Куманово фирма чиј што еден од основачите е токму Манчевски.

 

Александар Кирацовски сега одговорен за здравство во СДСМ, човек кој од потпреседател на СДММ, стана потпретседател на СДСМ. Тој инаку е дипломиран машински инженер и нема допирна точка со здравство. На јавноста и остана запомнат како учесник во крвава тепачка, а денес СДСМ го промовира во проверен и компетентен кадар.

 

По којзнае кој пат СДСМ се обидува Цветанка Иванова да ја прикаже како нов и докажан кадар, а веќе со години нејзиното семејство е во бизнисот на распределба на тендери во Струмица од кои создадоа огромно богатство. И на струмичани, но и на целата македонска јавност е позната спрегата која постои меѓу смејеството Иванови и Заеви. Шемата е позната. Заеви даваат работа, Иванови извршуваат.

 

Царовска, е познатиот партиски експерт на СДСМ во НВО секторот, нивна инсталација која често затскривајќи се зад наводни НВО организации ја оцрнуваше работата на Владата. Очигледно дека за својата работа го задолжила СДСМ за висока партиска функција.

 

Исто како неа и Лидија Димова, доскорешната квазиекспертка за европски прашања, преку ноќ се претвори во партиски функционер на СДСМ. Таа беше пред две години промовирана за претседател на партискиот совет на СДСМ и сега повторно е промовирана на истата функција. Таа е еден од експертите финансирани од СОРОС, претходно го раководеше НВО Македонски центар за европско образование, организација финансирана од СОРОС која по добивањето на партиската функција во СДСМ престана да делува во јавноста што е доказ повеќе дека се работело само за праван зад кој Димова го затскривала своето делување и одработување за СДСМ. Таа ќе остане запаметена по изјавите дека е независна и нема поврзаност со СДСМ и исто така како претседател на МЦЕО побара од Брисел укинување на парите кои Европската унија ги дава за поддршка на Република Македонија. Последниот нејзин гаф беше лагата дека Владата префрлила пари на странска компанија за која се утврди дека не добила ниту денар.

 

Роберт Алаѓозовски веќе беше промовиран во претседател на таканаречениот Совет на култура. Сега е повторно на истата функција. Откако на изборите во 2002 година Алаѓозовски како дел од Коалицијата на партии Граѓанска алијанса за Македонија беше носител на кандидатска листа во 4-та изборна едница доживеа дебакл, беше и вршител на должост претседател на Лигата за демократија. Инаку како и секоја сдсмовска инсталација во граѓанскиот сектор, Алаѓозовски во повеќе наврати е стипендист и потпомогнуван од фондацијата СОРОС Македонија. Роберт Алаѓозовски е пропазнатлив и како член на граѓанската организација Контрапункт.

 

Рената Десковска која беше еден од потрпетседателите на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски сега повторно е дел од кадровскиот состав на Зоран Заев. Десковска на последните локални избори како носител на изборната листа на СДСМ е дел од катастрофалниот пораз кој го доживеа СДСМ.

 

Драган Тевдовски кој сега е поставен на чело на Комисијата за економија е дел од професорското лоби на СДСМ и дел од сите изборни лаги и празни ветувања на СДСМ кои ги даде во сферата на економијата во претходните изборни циклуси. Драган Тевдовски беше и еден од основачите на институтот Прогрес кој имаше задача креирање на јавно мислење и критика на работата на Владата, криејќи се зад параванот на дејствување на граѓанскиот сектор.

 

Ванчо Узунов кој сега повторно е промовиран како дел од СДСМ кој ќе го опфати сегментот на финансиите и економијата преставува старо кадровско решение на СДСМ. Тој беше член во бордот на директори на Телеком кога за периодот 2005-2006-та година американските истражни органи посочуваат дека претставници на Владата на СДСМ учествувале во корупција за одржување на монополот на Телекомот. Узунов е поранешен Претседател на Транспарентност Македонија и личен советник на Бранко Црвенковски.

 

Стево Пендаровски кој сега Заев го преставува како дел од неговиот тим би потсетиле дека само пред неколку месеци го доживеа најубедливиот пораз со што јасно се докажа и покажа што мислат граѓаните за него.

 

Кире Наумов е дел од сите кадровски шеми на сите претседатели на СДСМ. Сега повторно тој е дел од кадровската понуда на Зоран Заев.

 

Со ваквиот кадровски состав Заев продолжува со неразбирање и игнорирање на пораката на граѓаните дека не му ги прифаќаат овие луѓе и овој начин на работа. Се додека вака ги поставуваат работите и не ги гледаат грешките во себе ќе лутаат при креирањето на политиките и ќе останат нестабилни и неослонливи како политичка гарнитура.

Површноста и парадерството остануваат нивна одлика“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија9 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија10 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија11 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија11 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија13 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија13 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа15 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ15 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет15 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа16 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет17 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија17 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет1 ден

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија2 дена

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија2 дена

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет2 дена

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...