Контакт

Македонија

Прекин на повеќе патни правци низ Македонија поради излевање на реките

Објавено пред

Патниот правец Скопје – село Брезница –  Кула –  Коломонт – Македонски Брод се уште е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско, а дел од другите патни правци низ Македонија се во прекин поради излевање на реки, соопштуваат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Ренџерската служба на ЈП Јасен во рамките на своите надлежности го расчистува патот на којшто има одрони и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.    Поради излевање на реката Вардар на коловозот, сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин. Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.Патниот правец Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. Магистрален пат А-3 Делчево-Кочани е пренасочен  по Р 2345 преку село Бигла поради поголеми одрони кај местото Драките. Сообраќајот за сите сите видови на моторни возила  на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.Од крстосница за влез  во централното градско подрачје  на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила. Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.  Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај местото Глобица атар на село Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот  во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат село Ратавица према село Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење  на мостот на река Злетовица.Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с. Кучичино поради излевање на реката Брегалница.Регионален пат Крушево- село Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец село Мало Коњари-село Кадино Село како и ПРСМВ Прилеп-Кривогаштани на местото Бегова Ливада има премногу вода, но не е во прекин.Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште-Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите  на реката  Брегалница. Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.Забраната за движење поради свлечиште кај село Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон село Степанци и село Суво Грло.На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.    Регионалниот патен правец село Новаци-Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од село Кременица до село Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот ина 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Мостот на реката во село Гремијан е пред уривање.На патниот правец Р1306 Прилеп-Кривогаштани-Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20см. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Делчево и Кула.АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар е укината во 08:45часот./крај/амсм

Извор: Извор Фото: Општина Штип



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Објавено пред

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.

dobivaj vesti na viber

Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.

„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.

Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.

„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.

Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.

Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗШВ: Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

Објавено пред

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници, соопшти Министерството за земјоделство.

dobivaj vesti na viber

Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

„Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре врнежи од дожд а на планините снег

Објавено пред

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, од утре од попладневните часови до недела ќе има повремени врнежи од дожд, со услови за појава на грмежи. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец. Во вторник се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ25 минути

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од...

Топ44 минути

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија52 минути

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија2 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија3 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија3 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион4 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија5 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија5 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет5 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет5 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа6 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет6 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет6 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа6 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион16 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија16 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет19 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија22 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...