Македонија
Променливо облачно со локален дожд

Времето во недела ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во јужните и југозападните делови.
Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Утринските температури се движат во распонот од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 10 и 21 степен.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 18 Целзиусови степени, со повремени врнежи.
Во понеделник ќе биде променливо облачно, а услови за слаб локален дожд ќе има во источните делови.
Од вторник ќе настапи период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во четврток попладне кога ќе има услови за краткотраен пороен дожд./крај/ухмр/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

„Луѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса.
Но,знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи“, напиша Никола Перевски – Пере на социјалните мрежи.
„Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе“, пишува Пере.
Македонија
(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви, извести градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој апелираше на свест и совест кај граѓанството.
„Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, додаде струмичкиот градоначалник.
„Пожарот беше јавен околу 14 часот, излезе една екипа, но самиот ветер си го направи своето. Побаравме помош и од соседните градови и благодарни сме на колегите кои ни помогнаа“, изјави Александар Гудев, командир на Територијала противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, за пожарот во Струмичко.
Македонија
Пожарот во Струмичко ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендици.
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.
При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.