Македонија
„Протестирам“ протестираше против задолжувањето
Како и изминатите денови, и во вторникот вечерта приврзаниците на таканаречената „Шарената револуција“ се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што традицонално веќе му ја изразуваат поддршката на обвинителството за предмети произлезени од незаконски прислушуваните разговори, а овојпат под мотото „Трошиме пари на чоколадо, а ние немаме ни за леб!“, нивна „цел“ на бојадисување беше Управата за јавни приходи (УЈП).
„Првиот чекор мора да биде транспарентноста во трошењето на народните пари, парите на граѓаните. Трошењето на парите од буџетот не смее повеќе да остане скриено. Секој граѓанин од својот компјутер мора да биде контролор и да има увид до последниот денар како се трошат парите од страна на институциите, бидејќи тоа се пари од граѓаните кои се дадени од разни даноци и давачки“, рече меѓу другото Драган Тевдовски, член на опозицискиот СДСМ, која ги поддржува овие граѓански протести.
Истакна дека е императив трошењето на јавните средства да биде транспарентно, зашто, како што предупреди, долговите граѓаните ги плаќаат од својот џеб.
Од импровизираната говорница пред зградата на УЈП беше повторено дека долгот на земјата во времето на актуелната власт се зголемил за 2,5 милијарди евра. Или, како што прецизираа, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, 52 илјади евра секој час, еден милион и 250 илјади евра секој ден.
„Оваа Влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4.455 евра, и секој од нас за 1.240 евра. Овие бројки одовде само ќе растат! Со секој нивен ден на власт, ние сме сè посиромашни и позадолжени!“, порачаа во најавата на вторничната манифестација од „Протестирам“.
Во вторникот вечерта протесни поворки на ова граѓанско здружение се одржаа и во други градови низ земјата, како Велес, Делчево…, или според организаторите во вкупно 14 градови./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

