Контакт

Региони

Прилеп на страниците на светски познатите медиуми за екстремни спортови

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Прилеп полека, но сигурно, станува Центар за развој на екстремните спортови на Балканот и ја остварува својата цел за развој на овој вид на алтернативен туризам.

Еден од тие спортови е болдерингот преку кого Прилеп повеќе пати се најде на страниците на светските медиуми. Последниот ваков текст за градот под Марковите кули е оној кој пред неколку денови излезе во британскиот двомесечник „Climber“ и кој го промовира Прилеп како источноевропска топ болдер дестинација за сите љубители на адреналинот и искачувањето по карпи.

Инаку Прилеп во последните неколку години, благодарение на големите напори на локалната самоуправа, како и на Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“, стана вистинска атрактивна хит дестинација за развојот на овој спорт. Уникатните карпи од вулканско потекло кои се наоѓаат околу Прилеп, особено на локалитетите „Камена Баба“, „Маркови кули“ и „Трескавец“ се едни од најинтересните и единствени вакви предели во светот. Тие станаа вистинска мета за љубителите на болдерингот од целиот свет, кои секоја година во огромен број доаѓаат во Прилеп.

Boldering i High line na Treskavec

„Како локална самоуправа во последните неколку години посветивме големи напори да го промовираме Прилеп во хит дестинација за развој на екстремните спортови како на Балканот, така и во Европа и светот. Еден од тие спортови кои ги негува Прилеп, покрај параглајдингот, планинското трчање, планинскиот велосипедизам, мото крос трките е и болдерингот или искачувањето по карпи. Овој екстремен спорт стана вистинска атракција за нашиот град и тука секоја година доаѓаат илјадници качувачи од целиот свет да уживаат во прекрасната природа и во уникатните предели на нашиот регион.

Prilep Open 2016

Со изградбата на патот за манастирот Трескавец, покрај локалитетите „Камена Баба“ и „Маркови кули“ отворивме уште еден ваков терен за искачувачите по карпи, со што дополнително придонесовме за развојот на овој спорт кај нас. Овие манифестации кои се одржуваат во нашата општина секогаш се максимално поддржани од локалната самоуправа. Со доаѓањето на огромниот број на туристи, токму поради болдерингот, како и другите екстремни спортови, секако економски бенефит има градот, чаршијата, хотелите и сите други угостителски објекти“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Ристо Белокапоски од Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп, вели дека ова не е прв пат Прилеп со болдерингот да се најде на страниците на познатите светски магазини.

„Болдерингот е искачување на помали карпи, без никаква опрема и Прилеп е една од 10-те топ дестинации за развој на болдерингот во Европа и има големи перспективи за развој на овој екстремен спорт кај нас. Секоја година нас не посетуваат огромен број на љубители на искачувањето по карпите. Освен во магазинот „Climber“, претходно бевме промовирани како атрактивна дестинација за болдеринг и во француското списание за искачување „Grimper“, како и во „Le Alpi“, списание кое го издава клубот за алпинизам на Швајцарија. Да не заборавиме дека во 2014 година кај нас се одржа и настанот „Petzl Rock Trip“, кој го организираше француската компанија за опрема за качување „Petzl“ и кој предизвика голем интерес во Европа, а тогаш за Прилеп беа снимени и доста промотивни видеа кои го промовираа нашиот град насекаде во светот. За болдерингот и Прилеп се има доста пишувано и во многу други балкански списанија за екстремни спортови“, вели Ристо Белокапоски од Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

Токму поради атрактивноста на теренот и афирмацијата на Прилеп во светски рамки, компанијата за спортска опрема „Адидас“ ги одбра Марковите кули како место за снимање на свој рекламен спорт.

Локалната самоуправа од Прилеп, заедно со бројните спортски клубови од нашиот град, посветува големо внимание за развој на овие екстремни спортови. Се изгради полетувалиште за параглајдери кај манастирот Трескавец, секоја година се одржува ултра планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“, Мариово се промовира преку настанот за планински велосипедизам „Mariovo off road experience“, а исто така се негува и мото крос спортот.

„Лани во октомври го организиравме и настанот „PRILEP EXTREME WEEKEND“ на кој се одржа и првото македонско трофи, на кое со своите џипови, учествуваа повеќе од 120 учесници од повеќе држави. Во исто време, на патеката кај Лагово, по 4-ти пат се одржа и меѓународната трката со крос мотори насловена како „Stormriders“. Оваа патека во иднина ќе прерасне во современ мото центар со повеќе патеки за џипови, постоечката патека за крос мотори ќе се доуреди за да може на неа да се одржуваат и меѓународни натпревари кои ќе се бодуваат, а ќе се гради и патека за картинг.

????????????????????????????????????

Исто така за прв пат во Македонија, лани кај манастирот Трескавец, се организираше уште еден аутдор фестивал од екстремните спортови, на кој се промовираше одењето по трака над провалија висока 30 метри, или спорт познат како highline. Тоа е уште една атракција која Прилеп ќе ја нуди во иднина. Значи покрај развојот на фестивалскиот туризам, по кој сме надалеку познати, развојот на спортскиот туризам е вториот сегмент од нашата програма како локална самоуправа за привлекување на туристи. Секако крајната цел на сето ова е економскиот бенефит, затоа што туризмот е една од носечките економски гранки, не само во Прилеп, туку и во светот и ние и во иднина ќе посветиме големо внимание на него“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Од општина Прилеп најавуваат дека и во иднина максимално ќе ги поддржуваат и развиваат сите овие спортски манифестации./крајсо/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет2 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет2 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет6 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија8 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет10 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет11 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет16 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет19 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет20 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет20 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет21 час

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет21 час

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет21 час

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија22 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет22 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет1 ден

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија1 ден

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...