Контакт

Региони

Во Тетово третпат се славеа различностите

Објавено пред

Преку презентацијата на традиционалните јадења и обичаи на сите етнички заедници коишто живеат на територијата на општината Тетово во средата се одржа веќе традиционалната манифестација „Денот на различности“.

Под мотото „Различни, но еднакви“ во тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ трета година по ред оваа манифестација овозможи секој припадник на заедниците во Тетово да бидат горди на различноста, велат организаторите

„Како што можете да воочите, опфатени се традиционални јадења, но во исто време млади уметници и деца од Дневните центри од Тетово и од Гостивар, кои ја претставуваат модерната уметност“, рече на отворањето Христина Василевска, координатор на програма во проектот Мултикултура.

Целта на манифестацијата, во организација на NCBI од Швајцарија и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, и годинава е преку спојот на традиционалното и модерното, луѓето да се запознаваат со меѓусебните разлики коишто наместо да ги раздвојуваат треба да ги спојуваат./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Учениците во Лозово добија нова спортска сала

Објавено пред

Премерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, министерката за образование Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.

Како што посочуваат од владината прес-служба, учениците во ова основно училиште од годинава ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет се остварувале на отворено или во адаптирани училници во зимскиот период.

Спортската сала на површина од 650 квадратни метри се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, гимнастика.

Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

 

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 60 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.

За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени нешто повеќе од 24 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Локалитетот Стамер во Делчево прогласен за природна реткост

Објавено пред

Со денешната промоција и презентација на природните вредности на уредениот палеонтолошки локалитет Стамер во Делчево, каде што се пронајдени фосилни остатоци стари милиони години, беше обележано неговото прогласување за природна реткост и стекна статус на природно наследство.

Државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во своето обраќање се осврна на трите локалитети во Делчевскиот Регион за кои МЖСПП, во согласност со Законот за заштита на природата, донесе решенија за прогласување природни реткости во 2019 година.

„Со прогласување на палеонтолошкиот локалитет Стамер, карактеристичниот геолошки профил Звегор и Киселичка Пештера за природни реткости и нивно соодветно управување и уредување, ќе се овозможи заштита и зачувување на исклучително вредните палеонтолошки наоди на пикермиска фауна, геоморфолошки форми, но и заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење“, изјави Шукова.

Советникот на општина Делчево, Ванчо Новоселски, говореше за почетоците на Стамер како едно од поголемите палеонтолошки наоѓалишта во Европа кога пред 14 години е откриена масовната гробница на пикермиска фауна, како и за целокупниот локалитет што го промовира палеонтолошкото богатство од Делчевско.

Според Васил Анастасовски, реализатор на проектот, локалитетот Стамер кај Делчево е последен меѓу 16-те досега евидентирани палеонтолошки локалитети во Македонија, но очигледно со многу вредни наоди.

Задржувајќи се, пред сѐ, на стручниот дел поврзан со палеонтологијата, претставничката на Природонаучниот музеј на Северна Македонија, Билјана Гаревска, истакна дека на овој локалитет пронајден е уникатен фосилен материјал каде што неогените седименти вклучуваат разновидни фосилоносни слоеви.

На локалитетот се поставени информативни и едукативни табли, дрвени патокази, видиковец и витрина со скулптури од дел од пронајдените фосили во природна големина, што го прави особено интересен за посетителите.

Реализацијата на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и побргу

Објавено пред

Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Прилеп.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, и со пратеникот Миле Талески, изврши увид во градежните активности на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот Дреново – Фаришка Клисура.

Експресниот пат Градско – Прилеп се гради во 2 фази.

Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка Клисура, во должина од 10 километри, која ќе биде со ширина од 12,4 метри во првите 5 км и 17 метри во преостанатите 5 километри од делницата. Крајниот рок за завршување е јули 2023 година.

„Вредноста за изградба на втората фаза е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти, а сега новиот изведувач, компнијата ‘Синохидро’, има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот. Особено ми е драго што и на првата фаза изведувачот работи со максимално темпо“, изјави Бочварски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија13 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија14 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија16 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија17 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија17 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија18 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион18 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија18 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион19 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија21 час

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија22 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет22 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет23 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет2 дена

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет2 дена

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион2 дена

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија2 дена

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие