Контакт

Региони

Аматерка го преплива Охридското езеро

Објавено пред

Пливачката патека во Охридското Езеро од „Св. Наум“ до градското пристаниште во Охрид е примамлива не само за професионалците и светската пливачка елита, туку и за рекреативците кои на ривиерата доаѓаат од целиот свет.

dobivaj vesti na viber

 

 

Деновиве, Македонката Катинка Димкароска, нашинка која е родена и живее во Словенија, за нешто помалку од 13 часа успеа да го преплива „Бисерот на Балканот“. Иако се работи за „рекреативец“ кој за прв пат плива во слатки води, сепак мотивот бил преголем за се одлучи на овој подвиг, пишува Ohrid news.

 

„Идејата за овој подвиг ми дојде сосема случајно, гледајќи ги олимпијците пред неколку години. Имав голема желба да го испливам Охридското Езеро, па така го одредивме датумот и се спонтано се случи.“ –  вели Катинка Димкароска, нашинка, која живее и работи во главниот град на Словенија.

 

Димкароска, „Маратонската патека“ успеа да ја преплива „краул“, со претходни интензивни психички тренинзи.

 

„Претпоставував дека ќе имам помалку за пливање, но испаднаа речиси 13 часа. Тргнав во 6 утрото од Св. Наум, а нешто после 18 часот бев на градското пристаниште во Охрид. Нормално, со помош од мојата добра екипа, која цело време беше покрај мене за време на подвигот. Правев кратки паузи, како би добила стабилност и би ја пребродила онаа криза, која секогаш се јавува за време на пливањето. Присебна ме одржаа оние домашни енергетски напитоци кои меѓувреме ги конзумирав. Последните 200 метри ми беа најдолги и најтешки од целата патека.“ – потенцира Димкароска.

Меѓудругото, таа досега два пати со велосипед го има извозено патот од Љубљана до Охрид. Како што вели, следниот предизвик и е да стигне пеш или со трчање од главниот град на Словенија до Охрид.

 

„Два пати со велосипед имам дојдено од Љубљана до Охрид, а минатата година ја обиколивме Македонија, Егејот и Истанбул. Исто така, имавме една тура од Словенија, преку Хрватска, Босна, па се до Бока Которска и назад. Морам да потенцирам дека сите мои „излети“ се строго рекреативни, а единствената припрема ми е психичката.“ –  вели Димкароска.

За Охрид вели дека е одлична туристичка дестинација која е примамлива и има што да им понуди на гостите. Единствено, Димкароска има забелешка на пловилата во езерото, кои немаат соодветни еко-мотори.

 

„Освен водата, оваа година малку имам видено од градот. Порано ми сметаше сметот и недостатокот од канти за отпадоци, но мислам дека тој проблем веќе се решава. Она што ми смета се моторните пловила во езерото, посебно тие со голема кубикажа. За разлика оттука, во Словенија се дозволени само мотори на електричен погон или весла.“ – објаснува Димкароска.

 

На младите им препорачува да се „тргнат“ од компјутерите и своето слободно време да го искористат во спорт и рекреација.

 

„Младината е премногу окупирана со технологијата. Тоа е прилично тажно. Би можеле сите да одвојат повеќе време за рекреација, чист воздух или некое хоби. Кога сме кај предизвиците, мислам дека секој може да ја исполни онаа зацртана цел, доколку навистина ја сака.“ завршува Димкароска. /крај/охридњуз/

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија40 минути

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија45 минути

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет3 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет3 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет3 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет4 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет4 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет4 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет4 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија13 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија14 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ15 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија17 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија19 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија19 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија22 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија22 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија22 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија23 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...