Контакт

Региони

Аргировски: Сојузот на пензионерите е пример за соживотА

Објавено пред

Сојузот на здруженијата на пензионерите е добар пример за сожителство, кој е многу битен феактор за за Македонија.
 

dobivaj vesti na viber

Сојузот на здруженијата на пензионерите е добар пример за сожителство, кој е многу битен феактор за за Македонија.

 

Ова го изјави во петокот во Дебар, претседателот на Сојузот Драги Аргировски, при што додаде дека во сите тела на Сојузот е почитувана застапеноста на сите етнички заедници, а деновиве за претседател на Собранието на сојузот на централно ниво е избран Албанец, дебарскиот активност Бесник Поцеста.

Аргировски нагласи дека и во сферата на информирањето на пензионерите, во кое последните години Македонија е лидер во регионот и на албански јазик овозможено е целосно информирање на пензионерите Албанци преку посебен пруилог кој за пензионерите се објавува во весникот Коха .

Првиот човек на македонските пензионери, инаку, истакна дека Македонија и натаму е лидер во однос на виснината на просечните пензии во регионот. Според него, во Македонија просечната пензија изнесува 213 евра, во Албанија 140 евра, додека во Србија 180 евра./крај/мф/мн

 

Извор: Макфакс

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако...

Македонија3 часа

Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот...

Македонија4 часа

„Додека Данела сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема...

Топ4 часа

Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен...

Македонија5 часа

Сметам дека и во првиот круг Левицата имаше поддршка од ДУИ, а коалицијата со СДСМ e веќе jавна, вели Ѓорѓиевски

Кандидаттот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата...

Македонија5 часа

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка...

Македонија6 часа

Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на престојот во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество,...

Македонија7 часа

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на...

Македонија8 часа

И СДСМ излезе со процени: со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имала 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре би биле парламентарните избори, ние би освоиле над 60 пратеници, а СДС во некои изборни единици би бил трета партија

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните...

Свет11 часа

Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за...

Свет11 часа

(Видео) Украина со ракети „сторм шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „сторм шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск,...

Свет11 часа

Кремљ реагира по изјавата на полскиот министер: „Ова е закана за тероризам“

Москва ја обвини Полска дека се заканува со „терористички акт против авионот на Владимир Путин“, откако полскиот министер за надворешни...

Македонија22 часа

Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница....

Македонија1 ден

Еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра, Пандов рече дека пробацијата не се користи доволно

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, изјави дека државата месечно троши околу 1.000 евра за еден осуденик,...

Свет1 ден

Пропадна најавениот самит меѓу Трамп и Путин

Планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта до...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Немаме долг кон „Комунална хигиена“

Министерството за здравство соопшти дека, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, демантирајќи...

Македонија1 ден

Арсовска: Мицковски несреќо, на кого се закануваш, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата...

Македонија1 ден

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница...