Контакт

Региони

Битола се подготвува за одбележување на 11 Ноември

Објавено пред

Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер, во вторник ја посети општина Битола.

dobivaj vesti na viber

 

 

На средбата со градоначалникот се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои акцентот беше ставен на настаните кои на 11 Ноември ќе се реализираат во општина Битола.

 

„Француската амбасада и градот Битола реализираат многу заеднички проекти, а наскоро по повод 100 годишнината од Првата светска војна ќе презентираме повеќе заеднички активности. Тоа беше ужасна војна во која имаше 10 милиони жртви од Франција, а во тоа време страдал и градот Битола кој освен последици од војната се соочил со голема глад на населението што го предизвикала војната. Ние исто така сакаме француските гробишта во Битола да ги направиме да бидат најубави, особено во пресрет на 11 ноември каде ќе понудиме нова содржина која ќе биде интересна за туристи од Франција, но и од Битола“, изјави амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

 

Општина Битола и во понатамошниот период ја продолжува соработката со Република Франција на сите нивоа и во сите области.

 

„Ние долги години одлично соработуваме со збратимениот град Епинал чии претставници ќе бидат наши гости на 4-ти ноември, за време на празникот на градот. Веќе се најавени бројни гости од Франција за 11 ноември, а програмата се утврдува и очекуваме пригодно одбележување на историскиот датум“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. /крај/цв/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ4 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија4 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија4 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија5 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија6 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет7 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа8 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа8 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа8 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија10 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија22 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија23 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија1 ден

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...