Контакт

Региони

Битола се збратимува со кинескиот економски гигант Нингбо

Објавено пред

На иницијатива на владата на Кина, општина Битола и кинеската општина Нингбо неодамна започнаа процес на збратимување. На 4-ти ноември делегација од општината Нингбо доаѓа во Битола кога и официјално ќе биде потпишано збратимувањето. Притоа ќе се разгледуваат и можностите за економска соработка.
 

dobivaj vesti na viber

На иницијатива на владата на Кина, општина Битола и кинеската општина Нингбо неодамна започнаа процес на збратимување. На 4-ти ноември делегација од општината Нингбо доаѓа во Битола кога и официјално ќе биде потпишано збратимувањето. Притоа ќе се разгледуваат и можностите за економска соработка.

 

Нингбо е општина со 7,6 милиони население и е високо развиен индустриски и комерцијален центар кој спаѓа во 10-те економски најразвиени градови во Кина. Од општината Нингбо велат дека збратимувањето со Битола е дел од стратегијата за интернационализација, односно проширување на комуникацијата со земјите од централна и источна Европа, со цел остварување на натамошна соработка. На 4-ти ноември делегација од општината Нингбо ќе ја посети Битола.

„Во последните 30 години нашата соработка се одвиваше главно со западно европските земји, бидејќи тие се голем пазар. Кинеската централна влада има стратегија за поврзаноста на Кина со сите земји во Европа. Нашата влада го охрабрува Нингбо да ги зајакне односите со централна и источна Европа. Во Македонија нашиот збратимен град е Битола. Ако ја разбереме Битола ќе ја разбереме цела Македонија и ќе најдеме начини за соработка. Настојуваме да оствариме соработка со што е можно повеќе официјални претставници на Битола, но и бизнисмени. Моја одговорност е да ја посетам Битола и да ја прераскажам назад во Нингбо пред нашите бизнисмени и претприемачи вистинската приказна за Битола, со цел да го разберат вашиот град мошне добро“, вели директорот на канцеларијата за надворешни работи на Нингбо, Конг Веивеи, којшто е 75-та генерација потомок на познатиот кинески филозоф Конфучиј.

Најавуваат и дека делегацијата од Нингбо при посетата на Битола ќе ги разгледува и можностите за економска соработка особено откако вниманието им го привлече германската инвестиција на Кромберг и Шуберт во Битола.

„Нингбо е важна база во автомобилската индустрија во Кина. ’ЏД’ фабриката за автомобилско производство е лоцирана во Нингбо. Тие минатата година остварија соработка со Волво во Шведска. Се разбира дека на фабриките за производство на автомобили им се потребни делови за автомобили. Ние разбираме дека откако ја идентификувале Македонија како локација за инвестиции многу странци вклучувајќи ја Германија и западно-европските земји инвестираат пари и лоцираат фабрики во вашата земја бидејќи им нудите многу предности. Нингбо има добри односи со Германија во областа на производството на делови за автомобили. Ние произведуваме делови за германски фабрики за автомобили. Фолсфаген на пример има подружница во Нингбо. Затоа сакаме да се запознаеме со можностите во вашата земја, бидејќи можеби токму германскиот инвеститор е модел за нас. Можеме да контактираме со нив, да ја разбереме вашата политика и како вашата Влада ги поддржува странците да инвестираат. Мислам дека тоа ќе биде добро искуство за нас“, рече Конг за новинарите од Македонија кои на покана на општината Нингбо беа во посета на Кина.

Инаку, Нингбо покрај тоа што има мошне развиена индустрија, располага и со одлични трговски врски со цел свет. Најголема предност на овој кинески град е пристаништето кое има историја долга 1200 години, поврзано е со 600 пристаништа во 100 држави во светот. Во 2013 година низ ова пристаниште поминале 496 милиони тони стока од целиот свет. Тоа е четврто по големина во светот и има капацитет за контејнери со тежина од 300.000 тони.

„Комуникацијата на пристаништето во Нингбо со пристаништата во Европа е на највисоко ниво. Со модерни контејнери се пренесуваат стоки до и од пристаништата низ Европа. Всушност европските пристаништа за нас се многу важни бидејќи од вкупниот карго пренос на пристаништето во Нингбо 40 отсто доаѓаат од Европа“, вели Џанг Веи, од бордот на компанијата која раководи со пристаништето во Нингбо.

Во Нингбо се наоѓа и најдолгиот прекуморски мост во светот, долг 36 километри, кој го поврзува градот со финансиската престолнина Шангај. Со големи визии за иднината Нингбо настојува преку близината и поврзаноста со Шангај да стане уште посилна и позначајна светска економска дестинација./крај/мф/аш

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија1 час

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет1 час

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија2 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија3 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија3 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет3 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет5 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет5 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет5 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа6 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет6 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет6 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет17 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија18 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија18 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија20 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ23 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија1 ден

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...