Контакт

Региони

До крајот на годината тендер за железницата и нови патишта во регионот на Крива Паланка

Објавено пред

До крајот на 2014 година ќе биде објавен тендер за изградба на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, за потегот од Бељаковце до Крива Паланка, а истовремено ќе започнaт и подготовките за изградбата на регионален пат од Крива Паланка до Македонска Каменица и експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, најави премиерот Никола Груевски кој во неделата престојуваше во општина Крива Паланка
 

dobivaj vesti na viber

До крајот на 2014 година ќе биде објавен тендер за изградба на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, за потегот од Бељаковце до Крива Паланка, а истовремено ќе започнaт и подготовките за изградбата на регионален пат од Крива Паланка до Македонска Каменица и експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, најави премиерот Никола Груевски кој во неделата престојуваше во општина Крива Паланка

 

Премиерот Груевски појасни дека во тек е реализацијата на првата фаза на потегот од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар, инвестиција којашто чини 40 милиони евра.

„Станува збор за голем проект кој не важен само за Крива Паланка, туку за целата земја и значи поврзување со Бугарија, нешто за што долго се говори и за што во деведесеттите години од минатиот век имаше ветување и некои инвестиции коишто пропаднаа. Се работи за значајно поврзување на Македонија со Бугарија, а за Крива Паланка ќе има поголема вредност, затоа што ќе добие поврзување со Бугарија, со Скопје и со другите региони од земјата кои се железнички поврзани“, рече Груевски.

Додаде дека се очекува во септември идната година да започне изградбата на втората фаза, а за третата фаза во моментот се работат проектите и по нивното завршување ќе започнат и процедурите.

Груевски, исто така, најави и градба на нов експресен и регионален пат до Крива Паланка. Регионалниот пат ќе биде во должина од 17 километри, и за него ќе бидат инвестирани десет милиони евра. Подготовките се во тек и се очекува во втората половина на следната година да започне неговата изградба.

„Овој регионален пат е значаен затоа што ќе бидат поврзани двата најголеми рудници во Македонија за олово и цинк, а ќе бидат поврзани и двата града, Крива Паланка и Македонска Каменица“, рече премиерот Груевски.

Експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка, пак, како што рече, е планирано да има четири ленти и да биде со сите карактеристики на автопат, со можност во иднина доколку има поголема фреквенција на возила да се догради уште по една лента од двете страни со што би станал автопат.

„Сега сме во поодмината фаза од подготовки и на крајот од 2015 година се очекува да започне градбата на овој експресен пат кој ќе значи и поврзување со Република Бугарија, нешто за што, како и железницата, во минатото многу често се зборуваше, но сега влегуваме во финална фаза на подготовки за негова реализација“, рече Груевски.

Појасни дека финансирањата на двата проекта се договорени со меѓународните финансиски институции. Експресниот пат ќе се прави со финансиски средства од Светска банка, а регионалниот пат ќе биде финансиски поддржан од Европската банка за обнова и развој. „Станува збор за релативно затворена финансиска конструкција, но потребна е подготовка од аспект на проекти, експропријација и сл.“, истакна Груевски при што додаде дека во моментот се изготвува проектот за експресниот пат кој се очекува да биде завршен до јануари идната година, по што следува шестмесечен период на експропријација на земјиштето, а кон крајот на 2015 и почеток на изградбата./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет5 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет9 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет9 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет10 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет11 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет11 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија15 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет15 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет23 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет24 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...