Контакт

Региони

Дојран избран за Град на културата за 2016 година

Објавено пред

Дојран ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година, одлучи Министерството за култура по разгледувањето на пристигнатите пет пријави на Конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“.

dobivaj vesti na viber

„Програмата на Дојран содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го афирмираат домашното творештво и домашните автори, проекти кои подразбираат соработка со врвни уметници и кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност“, се вели во соопштението од Министерството за култура.Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, „Град на културата 2016 година“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, традиционална музика и фестивалска промоција на игри, ликовни колонии, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури. „Прогласувањето на Дојран за Град на културата за 2016 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто“, велат од Министерството за култура. Титулата „Град на културата“ се доделува по 13-ти пат, а минатата година носител беше општина Велес. Манифестацијата се организира заради дисперзија и развивање на културата, а културните содржини што ги финансира Министерството за култура да станат достапни за сите граѓани на Република Македонија. /крај/со/ст

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...

Свет3 часа

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога...

Свет3 часа

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и...

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ до Јаневска: Дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова...

Македонија5 часа

Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста...

Македонија6 часа

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија7 часа

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...

Свет8 часа

Медведев за ултиматумот на Трамп: На Русија не ѝ е гајле

Најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за можното воведување 100 % царини за стоки увезени од Русија претставуваат театарски...

Свет8 часа

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање...

Македонија8 часа

Алијансата за Албанците: Политичката групација „Флен“ потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „Флен“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање...

Свет8 часа

(Видео) Њујорк под вода, поплави во метро-станиците, луѓето заглавени во вагоните

Повеќе од 50 милиони Американци во североистокот се под притисок од поплави, а тие предизвикаа значителни застои во сообраќајот во...

Свет9 часа

Трамп за Би-би-си: Разочаран сум од Путин, но сè уште не сум се откажал од него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека завршил со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју...

Свет23 часа

Трамп ѝ постави ултиматум на Русија: Украина добива врвно оружје, вредно милијарди

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини,...

Регион24 часа

Радев вели дека Македонија самaта си се блокира, хрватскиот претседател порача спорот е внатрешно прашање

За време на средбата со својот бугарски колега Румен Радев, хрватскиот претседател го критикуваше ставот кон земјите од Западен Балкан...

Македонија1 ден

Блерим командува, Данела удира по Албанците: сценарио на ДУИ, велат од „Вреди“

Да расветлиме една од најболните приказни за злоупотреба на институциите против граѓаните, приказната за мрежата што ја создадоа Блерим Беџети...

Топ1 ден

(Видео) Филипче: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот во Злокуќани: опожарени шест куќи, малолетник е повреден, а неколкумина побарале лекарска помош поради вдишување чад

Вчера, во 20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Скупи во Скопје настанал пожар, во кој биле...

Македонија1 ден

До крајот на август ќе бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево – Охрид, целосно во употреба во 2027 година

За речиси еден и пол месец, премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот...

Топ1 ден

Загина маж од Демирхисарско: со возилото излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино,...