Контакт

Региони

Галичките сирења на фестивалот во Бра, Италија

Објавено пред

Познат низ светот како „Cheese“,  Фестивалот на сирење кој се одржува во Бра-Пиедмонт Италија, е еден од најголемите настани во светот кои се посветени на сирењето.  Овој фестивал е од суштинско значење не само за Италија, туку за целиот свет и е опишан како најголема колекција на квалитетни сирења.

dobivaj vesti na viber

Секоја втора година, во средината на септември во организација на Слоу Фуд се одржува овој четири  дневен настан. Започнувајќи од денес, 18 до 21 септември се очекуваат околу 150.000 љубители на сирење, овчари, експерти, новинари да бидат дел од овој настан.Улиците на Бра ќе бидат поплавени од производители кои се дојдени да ги промовираат своите производ,и а се под закана од неизбежните пазарни сили.Оваа година фестивалот се фокусира на производите од кревките екосистеми на планините загрозени од индустрискиот развој. Овчарите и мајсторите за сирење кои живеат и работат секој ден на  планините во Европа се соочуваат со критична ситуација и се под ризик да се изгубат некои вековни култури. Зголемениот индустриски развој осиромаши голем дел од населението и многу традиционални техники за сирење се замрени. Но и покрај овие проблеми, планините се уште претставуваат дом на едно неверојатно наследство на сирење. Благодарение на биодиверзитетот кој изобилува со извонредно богатство, практиката на изнесување на добитокот на испаша, свежо измолзеното млеко како и употребата на занаетчиски техники создаваат производи со уникатен квалитет.„Посетата на еден фестивал посветен исклучиво на сирењата, производ кој се прави од „иста“ суровина но чиј краен резултат може да варира во илјадници различни производи, секој со посебен изглед, вкус и приказна е искуство кое може да се доживее само на фестивалот во Бра. Затоа посетата на овој фестивал од страна на неколку производители и експерти од Македонија ја сметаме за доста важна и очекувам истата да даде резултати во понатамошното спроведување на проектот Заштита и промоција на традиционалните сирења од фарма“, изјави координаторот на проектот Елена КаровскаВо текот на овие четири дена ќе се истражуваат проблемите со кои се соочуваат производителите од планинските региони, како и пронаоѓање на решенија за истите преку конференции, дебати и состаноци. На Cheese 2015 ќе се даде посебно значење како да се дојде до согласност на европските хигиенски регулативи а притоа да не се загрози локалното знаење и традиција. Справувањата со прашањата за флексибилност и хигиенски мерки е важна тема каде производителите секојдневно се соочуваат со тешкотии кои се поврзани со строгите хигиенски правила.Во Турција и Македонија постои тенденција да дојде до спроведување на регулативите од страна  на владите  без соодветно разбирање на самите регулативи при што малите производители ги жртвуваат своите производи.  Како дел од програмата Еразмус + координиран од Универзитетот во Ардахан, кој имаат за цел да го зачуваат занаетчискиот начин на производство, сугерирајќи флексибилни примени на прописите за хигиена, земајќи ги во предвид традиционалните техники и докажувајќи дека производите од сирово млеко за една нација се безбедни за потрошувачите. Овие точки ќе се стават на дискусија на конференцијата на 21 септември на која ќе се вмешаат Шпанија, Турција и Македонија. Еден дел од конференцијата ќе биде посветен на сирењата од Мавровско-Реканскиот регион (галичкиот кашкавал и бело дебарско сирење) кои воедно се и прв президиум на Слоу Фуд во Македонија. Покрај друго, преку дегустација својата улога ќе ја добие и биеното сирење кое ќе не претставува со својата автентичност од Македонија.Слоу Фуд во свој стил, како и сите настани така и на Cheese ги обединува задоволството со добра храна, подигање на свеста и одговорноста во нејзиното рационално користење како и заштита на животните. На ова издание на Cheese во фокусот ќе биде Шпанија со зачудувачки број на сирења достапни за дегустација, покажувајќи им на посетителите дека има и повеќе од сирењето Манчего. Со повеќе од 200 видови на сирења, Шпанија ќе биде почестен гостин на Cheese 2015./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија5 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија6 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија6 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ8 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија8 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет10 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет11 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ11 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија12 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет12 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа13 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет13 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...