Региони
Германската амбасада донираше опрема за штипската противпожарна единица
Во штипската територијална противпожарна служба, во среда беше предадена во употреба опрема која ја донираше германската амбасада.
Во штипската територијална противпожарна служба, во среда беше предадена во употреба опрема која ја донираше германската амбасада.
Станува збор за апарати коишто итно ѝ се потребни на штипската противпожарна служба, со кои многу полесно ќе се справува на терен при елементарни непогоди.„Донацијата за противпожарната единица од германската амбасада е преку проект на ЗХА Синергија и Општина Штип. Опремата вклучува водена пумпа за испумпување при поплави, агрегат за струја, моторна пила за сечење низ непроодни подрачја и фул-сет за справување со поплави. Вредноста на опремата е 5.000 евра. Нашата ТТПЕ е подготвена, успешно се справува со пожарите, иако посакувам да има што помалку работа. Екипираноста е одлична а работиме на проекти за обезбедување и на теренски возила кои ќе помогнат во работата на пожарникарите“, изјави градоначалникот Захариев.„Оваа донација е преку проектот за мали грантови на Германската амабасада и мислам дека е доста квалитетна и оди во вистински раце. Всушност, градоначалникот на Штип беше тој кој упати писмо со барање за донација, по поплавите кои се случија во Штип на почетокот на годината и преку проектна документација успеавме да ја обезбедиме оваа опрема која им е потребна на пожарникарите. Јас се надевам дека успешно ќе ја користат, а ние како амбасада остануваме отворени за соработка“, изјави Марина Серафимовски од Економскиот оддел на германската амбасада./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.