Региони
Кичево доби електрична енергија
Екипите на МЕПСО успеаја да ги санираат дефектите на 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ во 14.09 часот со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.
Екипите на МЕПСО успеаја да ги санираат дефектите на 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ во 14.09 часот со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.
Паралелно со ова екипи на МЕПСО работат на подигнување на два столба кои беа оштетени од силното невреме завчера на 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Кичево“ и „Осломеј“. Со тоа , со оглед на динамиката, се очекува за период од два до три дена целосно да се оспособи и стави под напон и втората 110 kV врска со која Кичево е поврзано на преносната мрежа на МЕПСО.
Големото невреме проследено со врнежи од снег, дожд и ветер кое за викендот ја зафати замјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени региони. Во регионот на Прилеп. Гостивар, Тетово, Велес,Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја.
Се работи на отстранување на дефектите во неколку села во прилепскиот, штипскиот, кочанскиот, струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион.
Екипите на ЕВН предходно ги оспособија 35 киловолтните врски од Македонски Брод и Осломеј, за градот да не остане без напојување подолг период. Екипите на ЕВН се на терен работат на отстранување помалите дефекти во околните кичевски села.
Дел од трафостаниците во поплавените подрачја се без напон за да не предизвикаат поголеми штети и несакани последици. Откако нивото на водата ќе се намали и ќе се создадат услови за интервенции ќе се работи на отклонување на дефектите. До тогаш корисниците ќе бидат поврзувани на алтернативни напојни точки.
Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.