Контакт

Региони

Мостот „Елен скок“ промовиран во нова туристичката локација

Објавено пред

Во рамките на пилот проект на  Советот на Европа за локален развој кој се реализира и во Македонија во регионот Дебар и општина Маврово Ростуше, во месноста Мала река е промовирана туристичката локација, мостот „Елен скок“.

dobivaj vesti na viber

 

 

Станува збор за поплочување со калдрма од камен на одредена површина простор пред мостот и поставување на дрвени постојки и информативни табли, активности кои се реализирани со средства на Советот на Европа, и двете општини.

 

Директорот на Агенцијата за заштита на спомениците во Македонија Виктор Лилиќ нагласи на свеченоста  дека  покрај оваа активност со пилот проектот ќе има и други активности во однос на заштитата на големите културно историски знаменитости во овој регион.

 

Градоначалниците на Дебар Ружди Лата и на Маврово Ростуше Мукрем Мехмади  нагласија дека овие заеднички проекти се многу битни за проширување на соработката помеѓу општините, но и овозможување преку културно историските споменици да се дојде до  побрз развој на туризмот.

 

Директорот на ЈП „Национален парк Маврово“, Онер Јакуповски  рече дека  оваа туристичка локација која е во просторот на националниот парк Маврово  ќе влијае многу во зголемувањето на посетителите на паркот и поширокиот регион./крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет1 час

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа2 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет2 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа2 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складишен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа2 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ12 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија15 часа

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија17 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија19 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија22 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ2 дена

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ2 дена

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ2 дена

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија2 дена

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет2 дена

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет2 дена

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...