Контакт

Региони

Новата владина програма за рурален развој предвидува речиси 40 милиони евра

Објавено пред

Со новата програма на Владата се предвидени вкупно 39 милиони евра, што е двојно повеќе од претходната, со кои ќе се финансираат реализацијата на 221 проект во 81 општина, изјави во понеделникот премиерот Никола Груевски при неговата посета на Берово и истакна дека станува збор за еден од поважните проекти на неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

„Во минатото имавме многу инвестиции во овој сегметн, а сега со новата Програма очекуваме уште повеќе инвестиции во многу општини. Во 81 општина доделени се решенија чијашто вредност е околу 39 милиони евра, со коишто ќе се направат 221 проект. Тие се од различна природа, но се однесуваат само на руралните средини, претежно на помали населени места“, рече премиерот Бикола Груевски

Истакна дека станува збор за патишта со локално и регионално значење, поправка на улиците во самите села и гратчиња, водоводи, канализациски мрежи, паркови, плоштади .

„Се работи за исклучително корисна програма која ќе се реализира во текот наредната година, во текот на година ипол до максимум две“, појасни Груевски .

Според него, практично се доделени решенија на речиси сите општини за рурален развој, како што истакна, без оглед на партиската припадност на градоначалниците, а предвид биле земени и понудените проекти.

„Сите градоначалници коишто се подготвени со проекти, добија можност да користат средства од страна на Владата за изградба на различни проекти во нивните општини во вредност од 39 милиони евра. Оваа програма е одлична можност и шанса за помалите општини да изградат патчиња, водоводи, канализациски мрежи, паркови и сeто друго што им е потребно и е од значење за квалитетот на живот на луѓето кои живеат таму“, нагласи Груевски

Целта на споменатата програма е да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните во руралните средини и помалите населени места, затоа што општините каде што тие гравитираат најчесто немаат силни буџети и немаат можност да ги исфинансираат овие работи поради што Владата им нуди директна помош, појасни премиерот Груевски./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...

Свет58 минути

(Видео) Најмалку 44 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

Стравичниот пожар што беснееше во станбен комплекс во Хонг Конг одзеде најмалку 44 животи. Пожарникарите сè уште се борат со...

Свет1 час

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање...

Свет1 час

Хамас побара евакуација на неговите борци кои останаа заробени во тунелите

Палестинската екстремистичка група Хамас ги повика земјите-посредници да извршат притисок врз Израел да им дозволи на десетици нејзини борци да...

Македонија13 часа

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија16 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија17 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија19 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија19 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија20 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија20 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија21 час

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет22 часа

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион23 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет23 часа

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет23 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет1 ден

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет1 ден

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет1 ден

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет1 ден

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата за Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...