Региони
Охрид ја живее најуспешната туристичка сезона
Најголемиот туристички центар во Македонија, единствениот Охрид „врие“ од гости и туристи од земјава и странство.
Хотелските и приватните капацитети се исполнети до последно место. Гостите кои уживаат долж охридската ривиера можат да се видат на секој чекор, по охридската чаршија, плажите, по рестораните и кафе баровите.
Посетителите презадоволни од убавините на Охрид, но и од инфраструктурните зафати кои битно влијаат во привлечноста на градов.
Секоја година со семејството доаѓаме во Охрид. Градов од година во година е се поубав и попривлечен. Евидентно е дека се работи, се гради и се разубавува Охрид. Преубава е оваа патека која води кон некогашниот хотел „Парк“. Плажите ви се средени, шеталиштето ,се е убаво тука – вели турист од Скопје кој секоја година летува во Охрид
Гостите задоволни од услугата, а и туристичките работници велат дека се бара место плус за да се ужива на Охридското Езеро.
Голем удел во успешноста на туристичката сезона имаат силните и прогресивни промотивни и маркетиншки активности кои во изминативе три години ги спроведува локалната самоуправа кои продолжуваат тековно. Секако во успешноста на сезоната големо влијание има и воспоставувањето на директните авио-линии од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“до светските дестинации и обратно за чие воведување голем удел и влијание имаше охридската локална власт.
Културните содржини за сечиј вкус, бројните концерти на домашни и странски уметници меѓу кои на Дино Мерлин, а и најавените на легендарниот гитарист Ал Ди Меола како и на рок групата „Продиџи“, традиционалните фестивали и внесувањето на нови содржини во туристичката понуда го прават Охрид привлечен за сите генерации, деца, млади и возрасни.
Охрид е интересен и разнолик во својата понуда за сите туристи . За едни градов е привлечен поради езерото и културно – историските знаменитости, но многумина се почесто го посетуваат и поради активните форми на туризам, околните планини и природата воопшто, кои се се поактуелни и се во полн подем на развој./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.