Контакт

Региони

Општина Битола со повеќе активности ќе се справува со загадувањето на воздухот

Објавено пред

Совет на општина Битола донесе програма за заштита на амбиенталниот воздух која опфаќа и краткорочни и долгорочни акции кои што треба да се преземаат.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Состојбата со амбиенталниот воздух е проблем со кој се соочува секој поголем град, а истиот бара ангажман на централно, локално ниво, но и од секој поединец“,изјави д-р Силвана Анѓелевска, претседател на Советот на општината, на денешната прес конференција во Битола.

 

Градоначалникот Владимир Талески, посочи дека општината во својата тековна работа продолжува со низа активности насочени кон подобрување на амбиенталниот воздух.

 

„Во тек се подготовки на два тендери: за хемиска супстанца која може да се користи под одредени услови (се нанесува на патната инфраструктура и ги собира честичките до метар и половина) и тендерот за избор на фирма која би требало со повеќе мерења да го открие хемискиот состав на честичките. Тука би сакал да дополнам дека и покрај оние невладини организации чија што иницијатива ја прифативме и ги прифативме како наши соработници, гледам дека таквата соработка веќе се злоупотребува и се исполитизира максимално“, рече Талески.

 

Градоначалникот апелира да не се злоупотреби чувствителната тема, нагласувајќи дека општина Битола прави низа активности за да ја подобри состојбата со воздухот, каде единствени надминувања покажуваат ПМ 10 честичките.

 

„Во таа насока е и подобрувањето на патната инфраструктура, изградбата на кружни текови, зголемената  програма за зелени површини на јавното претпријатие Комуналец преку Советот на општината, зонското паркирање, проектот за топлификација на градот и други проекти. Градоначалникот ги повика членовите на Здружението на конструктивност и соработка во идниот период, ослободени од секакви партиско политички цели кои впрочем во изминатиот период беа манифестирани на неколку јавни настани. Денешното вклучување на активисти на здружението во протестот на студентите дополнително зборува за целите и насоченоста на здружението“, нагласи Талески на денешната прес конференција во Битола. /крај/цм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија9 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија10 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија14 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ14 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...

Македонија15 часа

Објавен оглас за ангажирање 300 невработени лица за помош на стари лица и лица со попреченост

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско...

Македонија16 часа

Муртезани од Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани работната посета на Берлин ја почна со средба со државниот министер за Европа на...

Свет16 часа

„Никој не е поштеден“: деца и лекари умираат од глад во Газа

Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да...

Регион18 часа

(Видео) Огромен пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Две лица загинаа во огромен шумски пожар што беснее на јужен Кипар, а стотици се евакуирани бидејќи пожарите уништуваат домови...

Европа18 часа

(Видео) Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата....

Топ19 часа

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во Општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за...

Свет21 час

Британија и Индија ќе потпишат трговски договор: пониски царини за виски и автомобили

Обединетото кралство и Индија ќе потпишат договор за слободна трговија во четврток, за време на посетата на индискиот премиер Нарендра...

Европа21 час

Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

Русија и Украина ги исполнија сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори во Истанбул минатиот месец, изјави...

Европа22 часа

(Видео) Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во пожар во Турција

Најмалку десет пожарникари и спасувачи загинаа, а 14 припадници на службите за итни случаи и шумарски работници се повредени при...

Македонија22 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура...

Македонија1 ден

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија1 ден

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија1 ден

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија1 ден

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија1 ден

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...