Контакт

Региони

Општина Штип ќе објави оглас за оттуѓување на градежно земјиште

Објавено пред

Идната недела, општина Штип ќе објави нов оглас за оттуѓување на градежно земјиште. Според предвиденото, планирана е продажба на 35 парцели за куќи по цена од 1 евро за м/2, со различна површина, од кои најмалата е околу 400м/2 а најголемата околу 500.

dobivaj vesti na viber

 „Важно е да се каже дека овие локации за куќи не се дел од проектот за „Млади брачни парови до 35 години“, но доколку се продадат, сопствениците истите можат да ги пријават како дел од проектот со што би ги користеле бенефиициите, секако согласно законските услови. Инаку овие 35 локации се наоѓаат во населба Дузлак, а што се однесува до локацијата за куќи за млади брачни парови, општината е во завршна фаза на проектот и се очекува уште документ за пренамена на земјиштето по што ќе биде објавен и оглас за продажба на локации за куќи од овој владин проект“, изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност на градоначалникот. Освен за куќи, во објавата ќе се понудат локации за станбени згради и лесна индустрија. На продажба се две локации за бензински пумпи во селата Драгоево и Криви Дол, потоа згради во населба Пребег и  во населба Баби и хотелски комплекс кај бања Кежовица, каде што една локација веќе беше продадена. „На продажба ќе бидат шест парцели предвидени за станбени згради во Сењак, седум други спроти старото нервно одделение, понатаму на продажба ќе се понудат локации за три деловни објекти во Туртел, кај место викано Стари бунари, и во Македонка и на Балканска по една парцела за индустрија“, напомена Ристов Според него, граѓаните дополнително и на време ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи за датумот на објавата на огласот во дневниот печат и на официјалната веб страница на општината со конкретните рокови и услови за учество како и за датумот на лицитацијата. Се очекува најдоцна до среда конкурсот да биде објавен. /крај/др/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија6 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија7 часа

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија7 часа

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Свет7 часа

Украина: Во завршна фаза сме од преговорите за договорот за минералите

Украина и САД се во последна фаза на преговори за договорот за минералите, изјави украинскиот вицепремиер Олха Стефанишина. Зеленски претходно...

Македонија8 часа

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија11 часа

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа12 часа

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа13 часа

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...

Европа13 часа

(Видео) Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија...

Свет13 часа

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Русија ги препознава напорите на Соединетите Држави (САД) да се придвижат кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа...

Европа14 часа

Мерц: САД и Русија се приближуваат до грбот на Украина и Европа

Следниот германски канцелар би можел да биде Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ е убедливо најсилната партија во Германија. Тој рече дека...

Свет22 часа

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина,...

Европа23 часа

Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што...

Македонија23 часа

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за...

Европа23 часа

Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди...

Свет23 часа

Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија. „Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на...

Европа1 ден

Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора...

Топ1 ден

Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната...

Македонија1 ден

(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е...