Контакт

Региони

Општините од Вардарскиот регион пример за меѓуопштинска соработка

Објавено пред

Наградата во износ од 15.000 долари од страна на Министерство за локална самоуправа доделена му е на Вардарски плански регион за воспоставување на најдобра практика на меѓуопштинска соработка.

 

 Воспоставената меѓуопштинска соработка се однесува на проектот “Мрежа за инклузивен расзвој на Вардарски плански регион” поддржан од Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП.

 

Формирањето на Мрежата е заедничка иницијатива на Центарот за развој на Вардарски плански регион, осум општини, ограноците на стопанските комори и здруженијата на граѓани од регионот. Мисијата на Мрежата е да се засили кординацијата на програмирањето на мерките и активностите за подршка на јавниот, приватниот и невладиниот сектор во создавањето на услови за развој на силна и конкурентна економија на ВПР, економија која ќе понуди поголеми можности за вработување и истовремено ќе ги постигне социјалните и еколошките стандарди.

 

На овој настан присуствуваа Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и неговиот заменик Љупчо Пренџов, вршителот на должноста Постојан претставник на УНДП Алесандро Фракасети, Претседателот на Советот за развој на ВПР Славчо Чадиев, градоначалниците на општините од ВПР, државниот секретар на МЛС Билјана Ц. Гугоска, членовите на мрежата за инклузивен развој на ВПР, претставници од Министерството за локална сампуправа, претставници од УНДП и други гости.

 

Голема благодарност до Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на ОН- УНДП изрази Претседателот на советот за развој на ВПР Славчо Чадиев, кој истакна дека оваа практика претставува пример за успешно спроведена меѓуопштинска соработка што ќе се реплицира и во останатите плански региони во Република Македонија и се надева на уште многу заеднички заложби во времето што допрва доаѓа и уште многу заеднички активности во интерес на регионалната заедница.

 

Посебно задоволство за успешната соработка со Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на ОН – УНДП изрази Раководителот на Центарот за развој на ВПР Марко Колев, кој истакна дека во рамки на реализацијата на проектот „Мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион” се завршени голем дел од проектните активности. Во рамки на  Програмата за работа на Мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион 2014 -2016 во која се состојат вкупно 26 колективни акции, две колективни акции целосно се имплементирани, а за уште четири други Центарот изнајде средства за нивна реализација.

 

Средствата од доделената награда во висина од 15.000 долари ќе бидат искористени за имплементација на проект: „Креирање интернет портал за МСП – мали и средни претпријатија на ниво на ВПР и публикување на e – Водич за инвеститори” а кој што е дел од Програмата за работа на Мрежата за инклузивен развој 2014-2016 г. Овој проект е со регионално значење а бенефит ќе имаат сите девет општини од Вадраски плански регион. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

Објавено пред

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите, денес увид на најпогодените локации во градот, изврши битолската градоначалничка Наташа Петровска, заедно со директорите на јавните претпријатија.

„За жал во текот на вчерашниот ден, краткотрајно но сепак драматично, Општина Битола ја зафати невреме. 36 литри на метар квадратен наврнаа за само 15 минути, или во текот на 24 часа, 54 литри на метар квадратен, а само за споредба, во Прилепско наврнаа 12 литри на метар квадратен. Тоа потврдува дека бевме на удар на невремето. Но, веднаш, по првите повици, јавните претпријатија, вклучително и пожарната делуваа на терен, се одржа Кризен штаб на кој се информиравме што дотогаш е направено и се дадоа натамошни напатствија на делување. Се работеше во текот на целата ноќ на расчистување на критичните точки, а она што следува во текот на денот е расчистување и дезинфекција која е значајна, особено во овие околности“, рече Петровска.

Надлежните служби во Битола во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагирале на терен со севкупната механизација.

Интервенциите се одвивале во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5, кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето Тодор Ангелевски, на улицата Дебарска во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните.

„Карактеристично и забележително беше тоа што веднаш по запирањето на дождот, од повеќето критични точки водата се повлече, што покажува дека сепак повеќе дискутабилна била поројноста на дождот, отколку канализациониот систем. Денес ќе имаме нов кризен штаб, на кој ќе имаме согледување за состојбата, но и да имаме целосна подготвеност за она што евентуално би следувало“, посочи Петровска.

Битолчанецот Крсте Трајчевски, чија визба била целосно поплавена, а половично и неговиот автомобил, истакна дека овој проблем жителите на неговата улицата го имаат откако се затворил каналскиот систам поради изградбата на улицата „Железничка“ пред десетина години.

„Заврна голем дожд, дојде водата и нема кај да избега, зошто каналот, испустот према пругата е затворен. Со новиот пат кога го правеа, со новиот колектор, не пуштија цевка. Каналот ќе се наполни, кога ќе дојде оваа вода од нашата улица тој е веќе полн и водата нема каде да оди. Тоа е голем проблем кој ни го направија. Претходно си имаше канал, си одеше водата надолу. Но кога ја правеа улица Железничка пред околу десетина години ни го затворија и сега со секој поголем дожд имаме проблеми“, рече Трајчевски.

Градоначалничката Петровска посочи дека општината на својата веб-страница денеска ќе истакне повик до граѓаните кои што претрпеле штети да достават барање, за по комисискиот увид да им се даде одредена помош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд

Објавено пред

Во Битола за само 15-тина минути попладнево наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.

Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.

Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнале напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.

Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.

Градските власти информираат дека стапиле во контакт со екипите на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев со велосипедската полиција во обиколка на Охрид

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна посета на СВР Охрид, а воедно ја посети и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот, како и езерската полиција. Во рамките на средбата со раководството на СВР Охрид, министерот Чулев беше информиран за актуелната безбедносна состојба на подрачјето на овој сектор за внатрешни работи, која е на високо ниво, а за пофалба е фактот што во изминатиот период од страна на криминалистичката полиција во Охрид расветлени се 30 тешки кражби во викенд куќи во туристичките наслеби Лагадин и Елешец. Исто така, во фокусот на денешниот состанок во СВР Охрид беа парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули.

Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба. Од страна на раководството на секторот за внатрешни работи министерот Чулев беше запознат дека мапирани се критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности и истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Покрај ова, министерот Чулев во текот на работната посета на СВР Охрид, учествуваше и во превентивната акција заедно велосипедската полициска патрола при што за граѓаните се делеа маски во централното градско подрачје, а во текот на вчерашната вечер беше дел иста таква активност која се спроведе во соработка со Советите на родители од неколку образовни центри во градот при што посети повеќе угостителски објекти во градот каде се собираат млади луѓе и им укажа на потребата од почитување на мерките и одлуките донесени од владата, а кои се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните.

На средбата, пак, со челните луѓе на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај министерот Чулев беше информиран дека во изминатиот период забележано е значителено намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Охрид.

Полициските службеници од езерската полиција, реферираа за активностите кои тие ги преземаат, а се насочени кон сузбивање на прекуграничниот криминалитет по езерски пат и заштита на рибниот фонд во услови кога Охридското езеро сеуште нема концесионер. На сите овие средби и состаноци министерот Чулев потенцираше дека кадровската и материјална опременост е исклучително значајна за функционирање на министерството за внатрешни работи и во таа насока во следниот период ќе се преземат активности со кои кадровски ќе се екипираат организациските единици каде е потребно тоа, но и на располагање на полициските службеници ќе им стави неопходната опрема со која ефикасно ќе ги извршуваат работните задачи и ќе ја подигнат ефикасноста на Министерството за внатрешни работи. “Европските интеграции на нашата држава наложуваат првенствено кадарот во министерството за внатрешни работи да биде стручен и компетентен, а потоа да ги има сите неопходни материјално – технички средства. Во таа насока во следниот период ќе работиме на алоцирање на финансиските средства на министерството за внатрешни работи во оние сегменти каде има најголема потреба од тоа“, заклучи Чулев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион56 минути

Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет1 час

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ1 час

Притвор за двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани кои киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет2 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирус, со скоро 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура2 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион17 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион17 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава19 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет19 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт20 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија20 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ21 час

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија23 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија24 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие