Контакт

Региони

Отворена ски сезоната „Маврово 2015“

Објавено пред

Ски сезоната „Маврово 2015“ свечено беше отворена од градоначалникот на Општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди и директорот на Ски центарот „Заре Лазаревски“ Огњан Циговски.
 

dobivaj vesti na viber

Ски сезоната „Маврово 2015“ свечено беше отворена од градоначалникот на Општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди и директорот на Ски центарот „Заре Лазаревски“ Огњан Циговски.

 

На настанот присуствуваа голем број туристи-љубители на зимско рекреативните спортови.

 

„Среќни сме што денеска свечено ја отвораме Ски сезоната „Маврово 2015“ која е наменета за туристите за кои имаме подготвена агенда за сите генерации. Како и секоја година така и оваа имаме комплетна понуда за изнајмување на зимска опрема, тренери за обука за скијање и бордање, жичарница која директно ги носи до теренот, како и забави за младите“, изјави Огњан Циговски, директор на Ски центарот „Заре Лазаревски“.

 

Во следните три месеци ќе понудат забава за сите генерации, започнувајќи од денеска со купена една ски карта добиваат уште една гратис со забава на Бачило и пред хотел „Лоџ“, потоа забава 48 часа е предвидена од 10 до 11 јануари, како и концерт на отворено на 17 јануари.

 

World Snow Day ќе биде одбележан на 18 јануари со програма за деца со бесплатна ски карта за истите, додека ден потоа е предвидена забава на Бачило. За Алпскиот куп Скади 2015 скијачите од 5 до 15 години, на 31 јануари до 2 февруари ќе уживаат на Маврово а од 13 до 16 февруари ќе се одржи Телемарк скијањето.

 

Денот на виното и вљубените ќе се одржи на 14 февруари, додека од 20 до 21 февруари ќе го реализираат хуманитарниот велеслалом, а исто така традиционалниот  Мавровски меморијал е на 28 февруари кој ќе трае до 1 март. За сите  припаднички на понежниот пол по повод 8 март денот на жените ќе ги изненадат со бесплатни ски карти и ќе организираат забава на Бачило и диско клубот Ратрак.

 

Градоначаликот Мукрем Мехмеди, истакна дека општината заедно со Ски центарот се подготвени да ги дочекаат туристите.

 

„Патиштата се проодни, имаме доволно ресурси за да ги пречекаме сите туристи. Сместувачките капацитети речиси се полни и очекуваме успешна зимска сезона“, рече Мехмеди.

 

Исто така, сите посетители ќе имаат можност да ги користат попусти во хотелите „Алпина“, „Бистра“, „Лоџ“, „Спорт“, „Радика“, „Фершпед“ и ресторан „Маврово“, како и  дополнителни услуги од страна на хотелите „Бистра“ и „Спорт“ со бесплатна опрема и часови за скијање за деца од 4 до 12 години./крај/со/бб

 

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на...

Македонија49 минути

Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров

По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во...

Свет1 час

(Видео) Нови детали за експлозијата во Швајцарија: болниците полни со повредени, полицијата ја исклучи можноста за тероризам

Според последните информации од светските агенции, во моментот на експлозијата и пожарот во барот и салонот „Ле Констелашн“, сместен во...

Свет3 часа

Кипар од денес претседава со Европската Унија

Кипар објави дека ќе донесе „нов пристап кон преговарачката маса“ од моментот кога денес ќе го преземе претседателството со Европската...

Македонија3 часа

На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје,...

Свет4 часа

Двајца тинејџери загинаа поради пиротехника во Германија

Двајца 18-годишници загинаа во германскиот град Билефелд по несреќа со рачно изработен огномет, соопшти локалната полиција. Во еден од двата...

Свет4 часа

Мерц: Војната во Украина е дел од планот на Русија против Европа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека војната во Украина директно ги засега европските земји, вклучително и Германија, бидејќи е дел...

Македонија16 часа

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија18 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа19 часа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија21 час

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија21 час

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава22 часа

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија22 часа

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија1 ден

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија1 ден

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија1 ден

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија1 ден

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...