Контакт

Региони

Почнува петтото „На зајдисонце“ во Трпејца

Објавено пред

Во Трпејца, од 20 до 28 јули, годинава по петти – јубилеен пат Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ – Охрид  ќе го  организира културно – забавното лето  „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Пред пет  години на манифестацијата  беше претставен трпејчанецот Никола Павлески и неговите фотографии во кои имаше и мотиви од  селото, а  беа промовирани  и неговите анегдоти под наслов „Веселото кајче“.  Во меѓувреме Павлески напиша нови  25 анегдоти кои се вметнати во новото издание на книгата и дел од нив актерката Марија Кондовска ќе ги прочита, а ќе следи неговата изложба на фотографии под наслов „Од моите патувања“. За творештвото на Павлески ќе зборува писателот и публицист Мишо Јузмески. Манифестацијата ќе започне со изведбата на химната „На зајдисонце“ па видео презентација во чест на петте години од постоењето, а ќе настапи и КУД „Ѓердан“ . Деветдневното дружење со уметноста и забавата се очекува во име на градоначалникот Никола Бакрачески да го означи за отворено заменик-градоначалникот Ангел Јанев. Општина Охрид, сите изминати и оваа година ја препозна манифестацијата како успешна приказна и е нејзин покровител.  На чинот на отворањето обраќање ќе има и Нина Момировска, претседателка на Здружението „За Трпејца со љубов“. „Деновиве со нас ќе бидат активистите на Здружението „Опција“ на трибината „превенција од крвно и сексуални преносливи инфекции“.  Со Михајло Филев ќе ја откриваме „Тајната на изработка на охридскиот бисер“, а  ќе се одржи и атрактивната вечерна музичка променада „Со кајче по езерото“.  На летната сцена ќе го видите документарецот „Охрид, град галерија“ од Милчо Јованоски, посветен на најпознатите охридски уметници, како и гостувањето на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Покрај настапот на КУД „Далги“ годинава ќе има натпревар во шах, домино и табла меѓу пензионерите вечни ривали од Трпејца и Пештани,а членки на Здружението ќе читаат и сопствени стихови инспирирани од убавината на Трпејца и Езерото“, велат организаторите.  Гостин ќе биде и уметнички надарениот Трајан Ристески од Охрид, кој е музичар, поет и уметник. „За „Рибното богатство на Охридското Езеро“ ќе зборуваме со д- р Трајче Талевски, а по втор пат наши гости ќе бидат уметници од Општина Вевчани,а ние до крајот на летото ќе им возвратиме со посета. Петта година по ред заедно со манифестацијата буквално и физички и музички растеа   момците од ансамблот „Билјана“.  Во Трпејца ќе ја има втората промоција на второто ЦД.“, додаваат организаторите. Во забавно – едукативниот дел и годинава ќе продолжат работилницата по англиски јазик со Габриела Неделкоска. Школата за пливање под раководство на професор Соња Думбалова – Делова, како и школите за шах и цртање со Борис Лушески и Слободан Пупиноски. Крај езеро ќе биде организиран и натпревар во ловење риба.   Ќе се одржи традиционалната регата  која го носи името на покојниот основач и прв тренер на клубот Номче Митрески на рекреативната патека „Чоколско“ во близина на селото Трпејца. Општата цел и концептот на манифестацијата е преку промоција  пред се на познати и признати уметници секој во својата област со поддршка и отворена афирмација на млади таленти кои потекнуваат од Трпејца ( локално ), Охрид – регионално и национално од Македонија и по можност интернационално  да  се збогати културната понуда во ова туристичко место Здружението „За Трпејца со љубов “ освен културолошка димензија и градење публика за културни настани во една селска средина има за цел и реализација на забавни содржини кои ќе ја подигнат туристичката понуда на Трпејца која е веќе позната на туристичката мапа во Македонија. И во иднина пронаоѓање и поттикнување на таленти од локалната средина да се занимаваат со култура и уметност.  „Се стремиме за активен културен туризам. Селаните и туристите заедно учествуваат во активностите, а најголемиот дел се само проследувачи на содржините кои се одржуваат под ведро небо и немаат комерцијален карактер, туку се отворени и бесплатни за сите“, велат од здружението.Целна група на манифестацијата „На зајдисонце“ се сите од 7 до 77 години. Над 300 жители во Трпејца и потенцијалната бројка од околу 200 до 300 гости во приватните сместувачки капацитети и еднодневни гости во текот на одржувањето на манифестацијата . Се очекува  приредбите и ова лето да ги проследат над 3.000 посетители. Искуството покажува дека приредбите се извонредно прифатени од селаните, но и туристите и оценките се повеќе од позитивни. Четири години со ред настаните ги следат не само туристи и жители на Трпејца , туку доаѓаат годишноодморци од соседните Пештани, Градиште и Љубаништа, па дури и од Охрид./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет9 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион10 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија12 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет14 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија15 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија17 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...