Контакт

Региони

Претставени новитети за поквалитетен планински туризам во Маврово

Објавено пред

Националниот парк Маврово и Здружението на водичи во планина Апленд  Доживување, потпишаа договор со кој ја продлабочија својата соработка за организирање и спроведување на планински тури на територијата на паркот.

dobivaj vesti na viber

Со овој договор, покрај екслкузивното право за користење на детската патека Бунец на која ќе се организираат  и спроведуваат  детски планински тури, водичите од Апленд се здобија со право и за користење на планинарските патеки за  организирање на тури за планинарење. Од друга страна, здружението Апленд се обврза да ги одржува патеките и да се грижи за сигнализацијата на патеката заедно со вработените во Националниот парк Маврово. „Овој договор, пред сè, претставува нов почеток, односно спроведување од една страна на законските обврски кои се предвидени, за едно вакво заштитено подрачје како што е Националниот парк Маврово и, од друга страна, поттикнување на приватниот сектор со цел во една системска уредена обврска да го решиме начинот на водење туристи пред сè во Националниот парк Маврово. Се однесува на тековно оддржување на веќе постоечката и поставена туристичка инфраструктура како и нови можности и нови идеи кои би произлегле во иднина и како на барање на посетителите така и на иницијатива на паркот и на здружението за отварање на нови патеки и нови туристички содржини кои што би требало да се развиваат“, изјави директорот на Националниот парк Маврово, Онер Јакуповски.Преку овој договор се интензивира соработката на Националниот парк Маврово со приватниот сектор, претставен преку здружението Апленд, а со кој се прават напори за подобрување на квалитетот на услуги за планинските туристи.„Оваа спогодба денес што ја потпишавме помеѓу Upland Adventure, здружението на водичи во планина на територија на Општина Маврово и Ростуше, со Националниот парк е од големо значење. Со овој договор се надевам ќе овозможиме подобра соработка и подобри услови за идните туристи кои ќе доаѓаат на територијата“, изјави претседателот на здружението на водичи во планина Апленд Доживување, Фејсел Идризи.Туристичкиот информативен центар на Национален парк Маврово ќе адаптира работен простор за состанување и континуирана работа на групата за менаџмент на дестинација  од Маврово. Сите работни алатки и мапи на проток на туристи ќе бидат поставени и видливи за сите што имаат предлог идеи за развој и поодобрување на туристичката услуга во Маврово. Инфо центарот на Национален парк Маврово ќе биде точка каде туристите и бизнисите ќе може да се информираат за плановите за сезоната, календарот на настани во сезона, плановите за развој на активниот туризам и што од ова е веќе достапно во Националниот парк.„Со овој договор, Националниот парк Маврово и здружението на водичи во планина Апленд влегуваат во партнерски однос со кој на планинските туристи во Маврово ќе им понудиме подобро одржувани и подобро означени патеки, но и подобри услуги од обучени и локални водичи од здружението. Се надеваме дека со оваа соработка, ќе се зголеми квалитетот на планинските тури кои се нудат во Маврово, но исто така ќе се зголеми и бројот на планински туристи“, изјави Јакуповски. Оваа година, скијачката сезона во Мaврово беше отворена на 14-ти јануари и по втор пат бизнисите во дестинацијата подготвија календар на настани кој може да се види на социјалните мрежи, флаери во магазините и банери во дестинацијата.„Се надевам дека преку оваа соработка ќе понудиме подобри и поквалитетни планински тури, со локални едуцирани и обучени водичи кои најдобро ги познаваат патеките и природните богатства на овој крај“, изјави Идризи.Соработката помеѓу Националниот парк Маврово и Здружението Апленд започна со отворањето на едукативната детска патека во Маврово, за што добија и обука за работа со деца преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од  Swisscontact./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет24 минути

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија12 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија12 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија19 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија19 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија19 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија20 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија20 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија20 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија22 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија22 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет1 ден

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет1 ден

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...