Контакт

Региони

Продадени девет плацови во ИЗ Речани 2 и четири на езерото Младост крај Велес

Објавено пред

Вкупно девет плацови во Индустриската зона Речани 2 и четири парцели на езерото Младост се продадоа во понеделник на електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Од продажбата на градежното земјиште во Индустриската зона Речани 2, Општина Велес ќе инкасира вкупно 16.194.539 денари. Почетната цена на наддавањето на кое што беа пријавени 34 кандидати изнесуваше 61 денари по метар квадратен, а највисоката продажна цена за една парцела изнесуваше 651 денари по метар квадратен”, истакна велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

 

Што се однесува за лицитирањето на парцелите на езерото Младост на денешното лицитирање беа продадени четири парцели на кои се предвидува изградба на мотели. Почетната продажна цена на овие парцели изнесуваше 283 денари од метар квадратен, а сите беа продадени по единечна цена од 313 денари за м2.

 

„Ја користам оваа прес конференција јавно да им честитам на сите бизнисмени и инвеститори кои беа далековиди решавајќи се да ја искористат поволноста на цените за продажба на плацови и да инвестираат во Општина Велес во бизнис за кој што сум убеден дека има одлична перспектива”, напомена градоначалникот Чадиев.

 

„Целокупниот процес на продажба на градежно земјиште во индустриските зони и на езерото Младост е од огромна важност за стопанскиот развој на Велес од повеќе причини. Прво и основно  – развој на стопанството и можност за отворање на нови работни места. Тоа значи јакнење на фирмите и подигнување на стандардот на граѓаните. Придобивка е урбанизацијата на крајбрежјето на езерото и негово уредување. Со изградбата на комплекси од хотели и мотели се зголемува можноста за поквалитетна туристичка понуда, за развој на ловен, риболовен и транзитен туризам“, се вели во соопштението од Општина Велес. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции

Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Македонија9 часа

На предлог на Филипче, оставки поднесе раководството и сите членови на Извршниот одбор во СДСМ

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските...

Македонија13 часа

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија17 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија18 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија19 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија19 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија20 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија21 час

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија21 час

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет23 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет23 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет24 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион1 ден

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа1 ден

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет1 ден

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија2 дена

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија2 дена

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...