Контакт

Региони

Расчистена лавината кај Бигорски, патот Дебар – Маврово прооден

Објавено пред

Лавината која падна претпладнето во близина на Бигорски манастир и бензинската пумпа на Макпетрол, во регионот на Долна река, е расчистена и патниот правец Дебар – Мааврово по неколку часа застој, повторно е прооден.

dobivaj vesti na viber

 

Бидејќи се работеше за снежна лавина, со ангажирање на дополнителна механизација и од Дирекцијата за заштита и спасување, материјалот кој беше над 3 илјади кубни метри е расчистен.

 

„Патниот правец Дебар – Маврово е прооден, но се препорачува и понатаму многу вниматело возење, како на овој пат така и на патот кон Струга. Има одрони на камен но и поради снегот на коловозите“, изјави Деар Лиманоски од дебарската дирекција на Македонија пат.

 

И покрај тоа што сега патот е расчистен сепак треба да се нагласи дека на овој патен пшравец повторно има чести одрони од камен и земја, што секако бара внимателно возење.

 

Освен проблемите во патниот сообраќај, жителите од подрачјето на Река два дена се без електрична енергија поради дефекти на далноводот. Без струја со часови беа и жителите на дебарското село Рајчица, како и неколку села кои потпаѓаат под општина Дебар а со струја се напојуваат преку истиот далновод. Жителите од долнореканските села без струја беа дванаесет дена и на почетокот на годинава, вклучувајќи ги и новогодишните и божикните празници./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија10 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет13 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион14 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија17 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија18 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија23 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт23 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија23 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион1 ден

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет1 ден

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија1 ден

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија2 дена

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ2 дена

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија2 дена

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија2 дена

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија2 дена

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized2 дена

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион2 дена

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...