Контакт

Региони

Се асфалтираат три улици во еден ден во Штип

Објавено пред

Во саботата со ангажман на Општината Штип започна асфалтирањето на три улици во населбата „Дузлак“, односно улицата која ги спојува „Панче Караѓозов“ со „Сремски Фронт“ во должина од 520 метри, потоа крак од улиците „Скопска“ и во должина од 470 метри и „Свети Николска“ од над 200 метри.

dobivaj vesti na viber

„Вкупната должина на улиците кои денеска се асфалтираат е околу 1.5 километри и оваа постапка се реализира по неколку децении. Овде голем дел од куќите добија имотен лист согласно Законот за легализација и добиваат асфалт а имајќи во предвид дека тука имаше пред се земјен пат кој по секој дожд се претвораше во кал, асфалтот е најдобра новина за овие луѓе тука“, рече Тоше Ѓоргиевски претставник на Општина Штип.

Веќе од следната седмица е најавено псотавувањето асфалт за улицата „Иво Лола Рибар“, потоа „АСНОМ“, крак од „Анте Банина“ а во тек се тендерски постапки за уште дваесетина улици до крајот на 2016 година.

Според статистиката, локалната самоуправа во периодот од 2013 година досега асфалтирала над 110 улици во Штип и рурaлните средини. Имено, во саботата беа промовирани асфалтираните улици во село Селце, а претходно во петокот во село Драгоево. Вредноста на проектите беше над шест милиона денари од кои дел се од Бирото за рамномерен развој, за улиците во Драгоево../крај/мф/др

Извор: Макфакс

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) 13 лица приведени по масовна тепачка пред Градската општа болница во Прилеп

Полицијата попладнево морала да интервенира во кругот на прилепската болница „Борка Талески“. По масовната тепачка што се случила пред општата...

Македонија8 часа

Шест лица завршија во болница по труење со храна на семинар во Куманово, развиле температура до 41 степен, повраќање и дијареа

Шест лица завршија со симптоми на труење по семинар одржан на 11 септември во ресторан во Куманово, соопшти Центарот за...

Македонија10 часа

(Видео) Либералите бараат воведување електронска белезица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за насилниците по двојното убиство во Велес кога Илија, поранешниот партнер на Росица, ги...

Македонија11 часа

Под истрага четири лица, меѓу кои татко и ќерка за Трубарево – непрописно ги складирале батериите и тонерите, што ги загадија почвата и воздухот

Скопското Обвинителство отвори истрага против четири лица и една фирма поради загрозување на животната средина. Се сомничи дека во фирмата...

Македонија12 часа

Поврзаноста не се мери во „допаѓања“, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15 до 18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009 – 2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на осмиот...

Македонија12 часа

„По Апасиев и Мециновиќ, и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија12 часа

Два активни пожара во Гази Баба и во Гевгелија, под контрола пожарот на „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија13 часа

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа13 часа

Путин го разреши заменик-шефот на администрацијата

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет14 часа

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет14 часа

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа14 часа

МИ6 ќе бара нови шпиони на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија1 ден

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет1 ден

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија1 ден

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ1 ден

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија1 ден

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија1 ден

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија1 ден

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија1 ден

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...