Контакт

Региони

Штип ќе добие нов станбен комплекс со 360 стана

Објавено пред

Штип, Иван Бојаџиски

dobivaj vesti na viber

Нов станбен комплекс од шест згради со по 60 станови ќе добие Штип до средината на 2020 година. Инвеститор е позната фирма од областа на металската и на градежната индустрија „Актива“. Станбениот комплекс ќе биде лоциран во населбата „Сењак“ која се смета за „најжива“ населба со најмногу млади семејства во овој регионален центар на источна Македонија.

„Локацијата на која градбата ќе ја започнеме во месец март, идната година, се наоѓа спроти спортската сала „Јордан Мијалков“. Оваа локација пред три децении била планирана да стане станбен комплекс, а за тоа зборува и поставена бетонска плоча на една зграда како и изградената моќна трафостаница, но од непознати причини идејата не била реализирана. Ние направивме сериозно истражување за потребите од станови во градот, нашите анализи покажаа дека во Штип кој е регионален економски, образовен, културен, политички и во секоја друга смисла центар, има и ќе има побарувачка на станови за квалитетно домување“, вели Иле Николов, директор на „Актива“.

Од „Актива“ тврдат дека сите станови ќе бидат убави, функционални, секој со посебно парно греење, енергетски ефикасни и со највисок можен степен на асеизмичка градба. Архитектонското решение и самата градба ќе бидат нешто ново, нешто што досега го немало во станбената понуда на градот.

„Предвидуваме целиот комплекс да биде завршен за период од три години, односно оние кои ќе купат станови во нив да можат да се вселат најдоцна до средината на 2020 година. По која цена ќе ги продаваме становите ќе биде познато кога ќе тргнеме со градбата. Инаку, целиот комплекс урбано ќе биде перфектно уреден, со паркиралишта, паркови и зеленило, места за одмор и рекреација, а просторот одлично ќе биде осветлен со штедливи сијалици“, посочува Николов./крај/мф/иб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Свет33 минути

(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон. Тоа e...

Свет2 часа

Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина. „Знам точно...

Свет3 часа

Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир

Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски....

Култура5 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија6 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет6 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија7 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија8 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија8 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет9 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет10 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија11 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија11 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет13 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет13 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет13 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет13 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет23 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...