Контакт

Региони

Совети за безбедно возење за среќна Нова година

Објавено пред

Новогодишното славење започнува уште во претпладневните часови со претстави и приредби за најмладите, па оттука РСБСП потсетува на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и да ја приспособат брзината на движење, посебно во близина на пешачки премини, училишта, градинки и автобуски постојки.

dobivaj vesti na viber

Овие празнични денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најголем акцент става на возењето под дејство на алкохол во текот на дневните, „афтерворк“ забави на 31 декември, како и за време на славењето на самата новогодишна ноќ. Немојте да пиете и да возите! Ова се нагласува секоја година, но возењето во пијана состојба и понатаму е огромен проблем со кој за жал секојдневно се соочуваме. Доколку решите да седнете зад воланот, избегнете го алкохолот. Бидете совесен и свесен шофер. Запомнете! Кога возите под дејство на алкохол, не само што го кршите законот, кршите и човечки живот и нечие срце, се вели во соопштението од РСБСП.Потсетуваат дека само една испиена чашка алкохол може да влијае на вашите возачки способности.Најдобрата превентивна мерка која можете да ја преземете доколку сакате да избегнете возење под дејство на алкохол е да направите план на вашите дневни активности. Така однапред ќе знаете што да очекувате од денот кој претстои, дали ќе продолжите на прослава, каде ќе одите и дали таму ќе се служи алкохол. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува да возите одговорно.Ако сте во можност, избегнете да возите за време на предновогодишните прослави и за новогодишната ноќ. Ако сепак не можете, „бидете на штрек“ и прилагодете ја брзината со која возите. Намалете го гласот на радиото, не пишувајте пораки и не зборувајте на вашиот телефон додека возите. Бидете посебно внимателни кога возите во центар на град, во близина на кафулиња, барови или ресторани каде што фрекфенцијата на други учесници во сообраќајот е зголемена.Користете јавен превоз. Јавниот гратски превоз е уште една од можностите кои ви се на располагање за пријатно претпразнично расположение и можност да се опуштите и целосно да уживате во прославувањето.Земете такси. Пред да излезете од дома, меморирајте број од такси компанија во вашиот мобилен телефон. Такси компаниите работат 24 часа. Можеби ќе треба да почекате за слободно возило, но во секој случај, подобро е да почекате неколку минути, отколку да го ризикувате вашиот и животот на другите луѓе со возење под дејство на алкохол.Изберете трезвен возач. Испланирајте однапред и изберете со вас да дојде доверлив пријател кој ќе биде трезен и ќе може да вози. Ова значи дека ќе може да се опуштите и да уживате без да се грижите за својата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот на пат до дома. Направете договор и менувајте се секоја година.Преспијте. Разгледајте ја можноста да останете да преспиете таму каде што ќе ја славите новогодишната ноќ. Така ќе ја избегнете можноста да учествувате во сообраќајот и ќе си дозволите да се напиете колку што сакате, без да се грижите за возењето.Бидете сигурни дека со вас секогаш ја имате потребната зимска опрема, држете соодветно растојание и запомнете: во зима времето на сопирање на автомобилот е за 50% подолго, отколку во нормални услови. Останете во група. Ако прославувате во кафулиња и ресторани, останете со вашата група и бидете свесни и претпазливи за оние околу вас. Кога ќе планирате да си одите дома, направете го тоа само ако сте во група со други луѓе. Во тој случај, ќе можете меѓусебно да внимавате еден на друг за вашата взаемна безбедност./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија7 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ8 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија11 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија12 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија14 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија14 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија15 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија16 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет16 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет16 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија18 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија18 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа19 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет19 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет20 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет20 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа20 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет20 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...