Контакт

Региони

Српскиот стручњак Рајовиќ во Прилеп одржа предавање за развивање на интелигенцијата кај децата

Објавено пред

Во организација на Центарот за едукација и советување и родителите Катерина Иваноска Вангелова и Дмитриј Вангелов, во соработка со општина Прилеп и Јавната детска градинка „Наша иднина“, во саботата во Прилеп, во домот за култура „Марко Цепенков“, д-р Ранко Рајовиќ, од Србија, одржа предавање на тема „Како да ја развиеме интелегенцијата кај децата низ игра“.

dobivaj vesti na viber

Според Рајовиќ, секоја идна генерација на ученици е се послаба во знаење и учење од онаа претходната, а тоа било резултат на истражувањето во 6 земји на ЕУ. Тој тренд постоел веќе 10 години. Рајовиќ вели дека тие деца со незнаење доаѓале уште во прво одделение, поминувајќи го системот на семејството и предшколска возраст.

„Ние мора да знаеме дека раната стимулација и опкружувањето се многу важни за развојот на детето и неговата интелегенција, а родителите се тие кои ги прават најголемите проблеми. Дислексија, дисграфија, дискалкулија, тоа не е генетска болест, тоа е проблем на опкружувањето. Може да биде и генетика но само 10 отсто. Денес секое второ дете има некакви пречки во развојот. Во Македонија 50 проценти од децата имаат проблем со говорот, 50 отсто од децата имаат проблем со фината моторика, 60 отсто од децата имаат рамни стапала. Тоа се знаци кои укажуваат на тоа дека детето нема да може да чита и да учи како што треба на училиште. Мора да се промени начинот на учење и да се поправат грешките на родителите. Најголемите грешки на родителите се тоа што тие пример им купуваат розови играчки на женското дете и плави играчки на машкото дете, не му даваат на детето да скока, не даваат да се врти, некои родители користат количка до 3 годишна возраст, сето тоа се огромни грешки на родителите и автоматски детето неможе да ги поврзе региите на мозокот. Ние мораме на детето да му поставуваме прашања за да тие мислат. Пример му поставуваш прашање : преку кое животно проаѓаат најголем број на пешаците, детето мисли и вели зебра. А замислите да го поставевме прашањето класично : кое животно личи на коњ и има црно бели ленти. Тука нема размислување, ние мора да ги научиме децата да мислат“, вели д-р Ранко Рајовиќ, основач на МЕНСА за Србија, Македонија и Словенија.

Овој програм на д-р Ранко Рајовиќ кој се вика НТЦ се употребува во 20 држави во Европа, а се состои во поврзување на информациите. Тоа е доста интересен начин и систем на едукација и поттикнување на интелегенцијата кај децата. Токму тоа било причина и семејството Вангелови од Прилеп да го поканат Рајовиќ да биде гостин во овој град.

„Како родители на две малечки деца пред неколку години слушнавме за семинарот на д-р Ранко Рајовиќ кој што тој го прави во Скопје и ние како членови на МЕНСА знаевме дека знаењето што тој ќе го пренесе ќе биде добро за нас и така се стекнавме со едно ново искуство. Забележавме дека родителите во градинката каде одат и нашите деца не се информирани за сето тоа знаење кое ние го имаме и сакавме тоа да го споделиме со нив. Сакавме да организираме еден семинар за воспитувачите кои потоа тие ќе им го пренесат на родителите, но ете се случи да ова предавање е бесплатно и на него дојдоа и воспитувачи и родители кои ги има од сите градови на Македонија“, истакна Катерина Иваноска Вангелова, родител.

На ова предавање, кое траеше цели три часа, присуствуваа и вработените од детската градинка „Наша иднина“ од Прилеп.

„Им се заблагодарувам на Катерина Иваноска Вангелова и Дмитриј Вангелов за организацијата на овој семинар на тема „Како да ја развиеме интелегенцијата кај децата низ игра“. Рајовиќ е познат и признат стручњак во целиот свет и неговото предавање многу ќе придонесе за унапредувањето на воспитно образовниот процес во нашите градинки“, рече Хилда Белеска, воспитувач, во детска градинка „Наша Иднина“./крај/мф/мт



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет15 минути

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет1 час

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет1 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа1 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет2 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет7 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет7 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет9 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија11 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија12 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет12 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет13 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет14 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет15 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет16 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет19 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија21 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет22 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...